ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изработени детални урбанистички планови, легализирани 100 и реновирани 12 домови во општините Шуто Оризари и Велес со поддршка на ЕУ

June 30, 2023 09:25
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изработени детални урбанистички планови, легализирани 100 домови и реновирани 12 домови се дел од постигнатите резултати на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници“, кој Хабитат Македонија го спроведе со општините Велес и Шуто Оризари со финансиска поддршка од Европската Унија. На завршниот настан беа презентирани постигнатите резултати од проектот кој започна да се реализира кон крајот на 2020 година со главна цел да придонесе кон инклузивен, ефикасен и одржлив урбан развој кај Ромите и маргинализираните заедници во Шуто Оризари и Велес.

Во рамки на проектот за првпат се изработени и предадени во процедура на одобрување повеќе детални урбанистички планови со кои ќе се овозможи подобрување на условите за домување на жителите и унапредување на урбаното живеење во општината Шуто Оризари. Во рамките на проектот во оваа општина направена е и реконструкција на педијатриската амбуланта со што е подобрена нејзината енергетската ефикасност, а Хабитат Македонија заедно со секторот за урбанизам во општината Шуто Оризари и граѓанската организација ИРИЗ преку правна, советодавна, техничка и финансиска поддршка им помогнаа на 100 домаќинства да ги легализираат бесправно изградените домови.

„Со овој проект направивме голем чекор кон урбанизација на општината и унапредување на домувањето. Треба да се донесат првите детални урбанистички планови во општината, голем исчекор претставува ангажирањето на заедницата преку формирањето и обуката на локалните лидерски групи кои го поддржуваат процесот за да ги објаснат придобивките од урбанизација во локалната заедница. Дополнително, вклучувањето на заедницата, на младите во волонтерски активности при реконструкцијата на амбулантата и домовите, има големо значење за општината, а проектот на семејствата ќе им овозможи подобар квалитет на живот на долг рок“ – истакна градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Во општина Велес, покрај изработката на детални урбанистички планови, акцент беше ставен на правилното отстранување на отпад како основа за урбано живеење во областите каде што живеат ранливи домаќинства. За таа цел во рамките на проектот беа набавени возила за собирање на смет за ЈКП Дервен низ тешко пристапните делови на Велес, набавена е урбана опрема за правилно отстранување комунален отпад за 300 ранливи домаќинства во населбата Рамина, а се спроведе и едукативна кампања за правилно отстранување отпад. Дополнително, од страна на волонтери се спроведе акција со која беа исчистени 10.000м2 јавни површини во населбата Рамина.

„Возилата донирани на ЈКП Дервен од Велес и обезбедената опрема му овозможат на јавното комунално претпријатие целосно да ги опслужува запуштените и тешко пристапни населени места со основна услуга за собирање на цврст отпад. Иако проблеми со урбаното живеење се уште постојат, оваа поддршка ќе има долгорочни еколошки придобивки и ќе ги намали здравствени ризици за жителите од околните дивите депонии“ – изјави Петре Цилаков, раководител на сектор во општина Велес.

Во рамки на проектот реновирани се вкупно 12 домови на најранливи семејства во општините Шуто Оризари и Велес, кои живеат во супстандардни услови, определени во процес на селекција според утврдените критериуми од страна на локалната самоуправа и општинските центри за социјална работа. Реновирањето опфати обновување на покриви, фасади, прозорци и други интервенции согласно потребите, со цел да се обезбедат адекватни услови за домување, но и да се подобри енергетската ефикасност на домовите.

„Целта на сите активности во проектот беше да се поддржи урбаниот развој на овие маргинализирани групи, да се едуцираат за своите права во областа на урбанистичкото планирање, да се покаже дека со стручна поддршка може да се легализираат домовите, да се покаже дека и со поскромни интервенции може да се обезбеди подобар, поздрав и финансиски постабилен живот. Адекватното домување е основа за  елиминирањето на другите бариери со кои се соочува оваа ранлива група на граѓани и затоа верувам дека со проектот направивме чекор понапред кон обезбедување на еднакви можности за сите“ – изјави Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија, кој во оваа прилика им се заблагодари за активната соработка на партнерите во проектот општините Шуто Оризари и Велес, граѓанските организации ИРИЗ и Фокус и на донаторот на проектот Делегацијата на Европската Унија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВелесЕУподдршкаШуто Оризари
Next Post
Seaman Leon Vonguyen/US Navy

Стејт департментот одобри продажба на авиони Ф-35 на Чешка

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk