„ДПМНЕ лажеше дека цената на струјата ќе се зголеми за 40 отсто, денес лаже пак, 80 отсто од домаќинствата не влегуваат во третиот блок“, се вели во реакцијата на СДСМ.
„ДПМНЕ е партијата што и донесе енергетска катастрофа на државата, меѓу најодговорните за тоа беше Христијан Мицкоски најнеспособниот директор на АД ЕСМ/ЕЛЕМ.
Денес оваа партија покажува непознавање на енергетскиот сектор и постојано свесно шири лажни вести.
Со месеци партијата на Мицкоски и самиот Мицкоски ја плашеа јавноста дека ќе следува енормно зголемување на електричната енергија, за 40 до 60 отсто, свесно лажеа дека ќе нема струја и ќе има рестрикции.
Не е точно тврдењето дека од први јули сметките за електрична енергија за најголем дел од домаќинствата ќе поскапат за околу 10 отсто.
Над 80 отсто од домаќинствата не влегуваат во третиот потрошувачки блок и со корегирање на стапката на ДДВ и со претходното намалување на цената за киловат час електрична енергија ќе имаат минимално и незначително зголемување на сметките на струја.
Дополнително, со враќањето на дневната евтина тарифа на електрична енергија сметките на сите потрошувачи линеарно ќе се намалат за околу 500 денари месечно.
ДПМНЕ може да манипулира колку сака, но факт е дека целата јавност знае дека токму оваа партија ја укина евтината дневна тарифа и беше против нејзино повторно воведување.
Додека ДПМНЕ гледа само како да ја лаже јавноста и свесно да шири паника, СДСМ преку успешни и ефикасни мерки и политики успешно се справи со глобалната енергетска криза, ја унапреди енергетската независност на државата и го подготвува системот за претстојната грејна сезона“, велат Бихаќка во својата реакција.