ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Глас на Америка: Придобивките на Северна Македонија од пријателството со САД се повеќе од видливи, велат аналитичарите

July 5, 2023 10:09
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денот кога САД ја одбележуваат својата независност, аналитичари од Северна Македонија сметаат дека земјава треба да го одржува стратешкото пријателство со Вашингтон и оти тоа треба да биде еден од врвните приоритети на државата. Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода вели дека бројни се придобивките од пријателството што го негува САД кон Северна Македонија.

„САД се вистински пријатели на нашата земја. Нашата земја е мала, нема пристап на море, има ограничени природни и човечки ресурси, а самата географска положба, иако не е безначајна, не игра голема улога во поширок контекст. Едноставно, САД уште одамна, а особено по осамостојувањето од СФРЈ во 1991 година, носи одлука да ѝ помогне на малата и млада македонска држава да се формира и да опстане. Бројни се придобивките од пријателството што го негува САД кон Северна Македонија“, вели Дерала.

Според него САД се секогаш тука за Северна Македонија да и помогнат да ги надмине жестоките политички, па и безбедносни предизвици.

„Демократски и евроатлантски интеграциски процеси се незамисливи без поддршката од САД“.
 Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
„Тие на земјата ѝ помагаат и економски и политички, да застане на свои нозе. Македонските демократски и евроатлантски интеграциски процеси се незамисливи без поддршката од САД и другите западни демократии. Во денешно време, кога државата е под силен наплив на пропагандата и хибридните напади од Русија и други либерални центри на моќта, придобивките од американското пријателство и поддршка се повеќе од видливи“, додава Дерала.
Од стратешкото партнерство меѓу С. Македонија и САД и двете земји имаат полза во смисла на унапредување на деловната соработка, намалување на бариерите за трговија и инвестиции и интензивна соработка во рамките на НАТО, вели амбасадорот Ѓорѓи Филипов.

„Тоа подразбира зголемување на помошта на Владата на САД на земјава заради зајакнување на нејзината одбранбена способност и забрзување на процесот на ЕУ интеграцијата преку засилен економски развој и демократски реформи во сите сфери неопходни за тој процес. Сепак, трговската размена не е голема, се движи околу 350 милиони долари, при што САД извезуваат електрични машини и опрема, а увезуваат тутун, облека, железо и челик“, вели Филипов.

Филипов додава дека стратешкото партнерство значи и соработка меѓу двете земји на меѓународно ниво во Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Јадранската повелба, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Светската трговска организација и НАТО.

„САД продолжуваат да ја подржуваат Северна Македонија во процесот на подготовките за членство во ЕУ.“ Ѓорѓи Филипов, амбасадор.

„САД, односно медијаторот во процесот на преговори меѓу Грција и Македонија, амбасадорот Метју Нимиц придонесоа доста за склучување на Договорот од Преспа, потпишан со Грција во јуни 2018 година и ратификуван од двете земји во јануари 2019 година, со кој се реши спорот за името меѓу страните и се отвори вратата за македонското членство во НАТО и отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Во рамките на стратешкото партнерство САД продолжуваат да ја подржуваат Северна Македонија во процесот на подготовките за членство во ЕУ со олеснување и поттикнување на пристапот делувајќи на чинителите, кои можат или го сопираат тој процес на домашен и меѓународен план“, вели амбасадорот Филипов.

Инаку македонскиот премиер, Димтар Ковачевски, кој упати честитка до граѓаните на САД, по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, напиша дека поддршката од САД, кои се стратешки партнери на Северна Македонија е од исклучително значење за напредокот на државата.

„Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер, чија поддршка во сите предизвици од независноста до денес, вклучувајќи ја и недвосмислената поддршка за процесот на евроинтеграции на Република Северна Македонија, исклучително ја цениме. Заедничката посветеност на демократијата, на слободата, еднаквоста, почитувањето на човековите права, на градењето силни демократски општества е основата на која нашето пријателство и партнерство ќе продолжат да се развиваат и зајакнуваат и на политички и економски план, но и обединети на вистинската страна како сојузници во НАТО“, се вели во честитката од премиерот Ковачевски.

Премиеор Ковачевски вели дека придонесот на САД е огромен во делот на интензивирање на реформскиот процес за натамошна демократизација на македонското општество, владеење на правото, борба со корупција и криминал, што е значајно охрабрување во процесот на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Извор: ВОА

Tags: Димитар КовачевскипридобивкиСАДСеверна МакедонијаЏабир Дерала
Next Post

На 6 јули стартува „Threads“ апликацијата конкурент на Твитер, почнува ли главната пресметка помеѓу Маск и Закерберг

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk