Налогот за апсење на Пригожин за велепредавство веќе е влезен во системите на ФСБ и Министерството за внатрешни работи на Русија., објави на Твитер Игор Сушко од непрофитната истражувачка тинк-тенк организација Wind of Change, според неименувани извори од руската служба за безбедност:
ФСБ нареди да го приведе Ј. В. Пригожин во случај да се обиде да го користи својот фалсификуван пасош, се вели во Твитер објавата.
🚨🧵Arrest warrant for Prigozhin for high treason appeared in the systems of the FSB and Ministry of Internal Affairs of Russia. From #WindofChange-10 inside the FSB to Osechkin: “The FSB ordered to detain Y. V. Prigozhin in case he attempts to use his forged passport pic.twitter.com/DPPc1ZZprT
— Igor Sushko (@igorsushko) July 3, 2023
Сушко објави и видео порака од Командантот на Вагнер, Берсерк кој навестува дека батаљонот Ахмат на Кадиров е на страната на Пригожин и дека сите тие само се загреваат.
Барсерк, кој кажа дека се наоѓа во Белорусија, исто така потврди дека имаат голема поддршка и меѓу персоналот внатре во руските вооружени сили.
Русија се распаѓа, пишува Сушко.
Wagner commander Berserk hints that Kadyrov’s Akhmat army is on Prigozhin’s side and they are all just getting warmed up. Russia is collapsing.pic.twitter.com/qDBKplmuJU https://t.co/5CvRtxQUtW
— Igor Sushko (@igorsushko) July 13, 2023
Sergei #Surovikin, Russian army general and Commander of the Aerospace Forces, #Prigozhin, owner of #WagnerPMC, and #Kadyrov are together planning a coup to overthrow Putin according to #WindofChange. pic.twitter.com/GE9WUU2Utz
— Igor Sushko (@igorsushko) October 18, 2022
Гласот на Америка го цитираше портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер, кој изјави дека Министерството за одбрана на САД има сознанија дека платеничката група Вагнер не учествува во воените операции во Украина.
„Во оваа фаза, не гледаме дека силите на Вагнер учествуваат во некој значаен капацитет за поддршка на борбените операции во Украина“, рече тој.
ПМЦ Вагнер ги напушти своите позиции на територијата на Украина откако нејзиниот основач Евгениј Пригожин го објави почетокот на воениот бунт на 23 јуни и испрати Вагнерови колони кон Москва. Следниот ден, белорускиот претседател Александар Лукашенко објави дека успеал да се договори со Пригожин за прекин на бунтот. На Пригожин оттогаш му се губи трагата.
Драган Мишев / Цивил Медиа