ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Борба за македонштината преку неписменост, закани и лажен патриотизам

July 15, 2023 20:55
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: ГАБРИЕЛА ТОЧКО

Во секојдневниот живот, особено преку социјалните мрежи, се среќавам со огромен број на текстови, објави и коментари кои повикуваат на зачувување на македонскиот идентитет, јазик, територија… со еден збор на „македонштината“.

Оние кои се најгласни и најжестоки борци за „македонштината“ најчесто во нивниот вокабулар поседуваат голем арсенал на погрдни зборови, закани, повици за линч, говор на омраза, и што е најважно истите тие се крајно неписмени.

Епа драги мои лажни патриоти, „македонштината“ не се брани само со плукање и навреда кон  неистомислениците, Шиптарите, Бугарите, Грците, новинарите, политичарите, јавните личности…

Пред да напишете и кажете нешто, прво проверете што сте напишале и кажале (ако воопшто имате капацитет за тоа). За да се одбрани сопствената земја и се што е нејзино, логично е дека прво треба да се познава нејзиниот литературен јазик. Точно така, мислам на МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК.

Многу е контрадикторно кога вие „големите“ МАКЕДОНЦИ обвинувате некој „шиптар“ дека е „озлогласен душман на Македонија и македонштината“, а истиот тој „шиптар“ зборува и пишува на чист македонски литературен јазик.

Ако веќе сакате да се покажете во вистинско светло и дека навистина ја сакате својата татковина, тогаш не навредувајте, не се заканувајте и користете го правилно јазикот и правописот за кои грчевито се борите.

Не смеете да бидете во првите борбени редови доколку не знаете дека не се пишува „преДТци“ туку се „предци“, дека не е „спремале“ туку „подготвиле“, дека не е „поодавна“ туку „одамна“, дека нема „след 1945 година“ туку „по 1945 година“. Многу срамно!!!

Не смеете да бидете во првите борбени редови доколку повикувате  некој „на кол да се надене“ или „кој прв ќе го сретне копилето шиптарско да го реши“. Доколку за која било жена напишете дека е „глупа“, „кучка фашистичка“, дека „треба да виси некаде“.

 

Како ли живеете со толку многу омраза во себе и со толкава неписменост? Веројатно недостатокот на образование и љубов во вашето опкружување  се виновници за енормна злоба и фрустрација.

 

Ова се само мал дел „борци за македонштината“ ставени на ѕидот на срамот, а ги има многу, за жал.

Посветете повеќе време и внимание на себе си, верувајте дека ќе бидете посреќни луѓе. Едуцирајте се и сакајте го својот јазик. Запаметете дека народот е личната карта на една држава, ама со вакви единки останува само грдата фотографија.

Затоа ова лето препорачана литература нека ви биде „О писменех“ (За буквите) од Црноризец Храбар. Се надевам ме разбравте!!!

Извор: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: говор на омразамакедонштинанеписменостсоцијални мрежи
Next Post

СДСМ: Мицкоски ги изневери граѓаните, глас за ДПМНЕ е глас за хаос и враќање назад

НАЈНОВО

Федерацијата со апел до навивачите да дадат поддршка на македонските кошаркарки за мечот со Унгарија

August 19, 2025

Потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи

August 19, 2025

Ангелов: Сè уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk