ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Маричиќ: Имаме шанса која ретко се добива, сега е време за храбри одлуки

July 17, 2023 18:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Вицепремиерот Маричиќ на средба со Вајмарската тројка (Foto: CivilMedia)

Вицепремиерот Маричиќ на средба со Вајмарската тројка (Foto: CivilMedia)

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната средба со „Вајмарската тројка“, Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк заклучија дека нашата земја го има местото во ЕУ и сега е време за храбри одлуки и реафирмација на консензусот за европската иднина на Северна Македонија и за членството во ЕУ.

Според него, земјава е цврсто решена да продолжи по европскиот пат и е подготвена во наредниот краток рок да ги исполни приоритетите од реформската агенда.

Тој очекува од сите политички партии и пратеници да придонесат за интензивирање на преговарачкиот процес, апелирајќи да се донесат уставните измени и „да се надмине периодот без никаква штета и можност да се вратиме назад во чекалната или во изолираното минато“. Вицепремиерот смета дека уставните измени ќе покажат на дело вистинска грижа за интересите на државата и граѓаните. Според Маричиќ, имаме шанса која ретко се добива и треба да ја искористиме, да бидеме позитивен пример што ќе се пренесува во регионот.

Тонот и позитивната атмосфера кои доаѓаат од нашите европски партнери и сојузници заедно со новиот план за забрзана интеграција, предложен од ЕК, се доволна причина за оптимизиам и поттик да создадеме услови за нова динамика на процесот која сите ја очекуваат. Владата сигурно и непоколебливо ја води државата на европскиот пат, подготвени сме во наредниот краток рок да ги исполниме приоритетите од реформската агенда, да докажеме дека сме држава која има капацитет во наредниот пероид да напредува во европскиот пат и да остане промотор на европските вредности. Токму затоа не се откажуваме од воспоставување дијалот за најважниот процес и за политички консензус за ЕУ. Очекувам на сите политички партии и на сите пратеници да ни биде приоритет да го продолжиме успехот од пред една година и да го нтензивираме преговарачкиот процес. Со стратешка и проактивна политика да ги направиме уставните измени и да го надминеме периодот без никаква штета и без ожност да се вратиме назад во чекалната или, пак, во изолираното минато. Тоа сме го поминале и тоа не го сакаме ниту за нашите граѓани, ниту за нашите идни генерации. Имаме прилика која ретко се појавува. Последните 20 години ја имаше само Хрватска од нашиот регион и мудро и државнички ја искористи. Мислам дека можеме да ја искористиме и ние можноста Северна Македонија да биде позитивен пример што ќе пренесува во регионот, подвлече Маричиќ.

Владата е цврсто решена да продолжи да го усвојува европскиот систем на вредности и да тежнее кон европеизација на општеството.

Она што е најважно е дека сме цврсто решени да продолжиме да го усвојуваме европскиот систем на вредности и да тежнееме кон европски квалитет на живот и европеизација на нашето општество. Но, исто така, важен е за нас и одговорот на прашањето  кога можеме да го очекуваме следното проширување, особено кога се наоѓаме пред процес кој ја одлучува насоката во која ќе продолжиме да ја движиме и развиваме Северна Македонија. На целиот регион му е потребна јасна временска рамка, но и реформска рамка за членство во ЕУ која ќе не охрабри да продолжиме да ги исполнуваме задачите со ново темпо и со која ќе го вратиме кредибилитетот на политиката за проширување. Ова не е важно само за нашиот регион, секако е многу важно и за Украина која е под жестока руска агресија, како и за целиот регион околу Украина, истакна вицепремиерот.

Не бараме ништо друго, дополни Маричиќ, освен заслужено место во ЕУ и тоа да биде со следниот пакет на проширување.

Да се погрижиме да ги завршиме навреме обврските и да имаме план во догледно време за членство во ЕУ. Ова е добар момент за земја која ќе ги исполни условите да потврди со својот пример дека може да биде успешна приказна и за ЕУ и за целиот регион, рече заменик претседателот на Владата.

Маричиќ на почетокот констатираше дека е домаќин на вистински пријатели и искрени поддржувачи на македонската перспектива.

Ова е доказ за интензивната комуникација што ја имаме и за разбирањето на нашата европска аспирација со јасна желба и очекување таа да успее. Имавме корисна средба и отворена дискусија на која главна тема секако беше преговарачкиот процес, негово забрзување, иднината на проширувањето на ЕУ во новиот геополитички контекст со јасен заклучок дека го имаме нашето место во ЕУ и дека сега е навистина време за храбри одлуки и реафирмација на консензусот за европската иднина на Северна Македонија и нашето членство во ЕУ, нагласи Маричиќ.

На заедничката прес-конференција се обрати и Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Вајмарска тројкаЕУМаричиќуставни измени

НАЈНОВО

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници

May 24, 2025

(ВИДЕО) Клоп не е задоволен од критиките на навивачите на Ливерпул кон Трент

May 24, 2025

Салах прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Тендер на Тошковски од четири милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk