Во Брисел денеска ќе се одржи средба помеѓу двајцата главни преговарачи меѓу Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, а на дневен ред ќе биде спроведувањето на Договорот од 27 февруари. Според Балкански барометар, Албанија бележи рекорд на корупција во 2023 година. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ –ПРЕС.
КОСОВО
Телеграфи: Денеска во Брисел се среќаваат главните преговарачи, на дневен ред е спроведувањето на Договорот од 27 февруари
„Денеска во Брисел се очекува да се сретнат двајцата главни преговарачи меѓу Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ.
Домаќин на средбата ќе биде специјалниот емисар на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, а фокусот ќе биде ставен на целосното спроведување на договорот постигнат од 27 февруари меѓу страните за нормализација на односите, како и чекорите кон де- ескалација на ситуацијата на северот на Косово.“, пренесе Телеграфи.
EO– Британската пратеничка Кернс: Нема да молчам пред заканите на Вучиќ
Британската пратеничка Алиша Кернс вели дека добила закани по нејзината изјава дека СПЦ се снабдува со оружје од Србија, преку амбулантни возила.
„Мислам дека ова покажува многу, кога претседател на една земја чувствува потреба да се заканува на странски политичар, за споделување на информациите на разузнавачките служби на таа земја, кој ги споделил тие информации со нивната војска. Нема да ме замолчи некој што ќе се обиде да ме заплаши, изјави меѓу другото Кернс во интервју за косовски медиуми, пренесува Економиа Онлајн.
Газета Експрес: Охридскиот договор дава можност САД да започнат кампања за признавање на Косово
„Габриел Ескобар, емисарот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, бирфираше пред Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.
Тој се осврна и на прашањето за Охридскиот договор, велејќи дека тој ќе отвори нова перспектива за Косово за глобално признавање и дека САД ќе се заложат за тоа.“, пренесува Газета Експрес.
АЛБАНИЈА
Албеу – Балкански барометар: Албанија бележи рекорд на корупција во 2023 година; Индексот се влошува, ја надминуваме Босна
Албанските граѓани мислат дека нивната земја е покорумпирана во споредба со сите други земји од Западен Балкан, покажуваат најновите резултати од истражувањето на Балканскиот барометар 2023 година на Регионалниот совет за соработка (RCC).
38 отсто од испитаниците Албанци сметаат дека корупцијата е важен проблем за економијата на земјата.
Оваа перцепција е највисока во регионот во 2023 година, со разлика од 12 процентни поени во споредба со втората земја по Албанија, Босна Херцеговина со 26% и Северна Македонија со 26%, пренесе Албеу.
Репортери: Запленети становите и банкарските сметки на Ахметај
„Во Албанија вчера Специјалното обвинителство соопшти дека запленило 4 станови во сопственост на поранешниот вицепремиер Арбен Ахметај и две негови банкарски сметки на кои биле депонирани над 124 илјади евра. Контрола била извршена и во 7 станови каде се одземени документи, телефони и компјутери од интерес на истрагата. Од странство реагираше господинот Ахметај кој изјави дека денеска е следното силување во неговото семејство.“, пренесе Репортери.
КОЛУМНА
ИНА: Каде започна „кавгата“ меѓу Рама и Курти?
„Кавгата меѓу премиерот Еди Рама и премиерот Албин Курти започна во октомври 2019 година во градот Нови Сад, Србија. Кога есента завршуваше, а зимата се приближуваше, Рама склучи завет со своите соседи Александар и Зоран.
Тие ја продаваа оваа средба како пресвртница во историјата на Западен Балкан. Започна нова „бланко“ страница на која ќе се брише колективната меморија на сите жители од овој регион.
Србија, која изврши невидени геноциди во Босна и Херцеговина и Косово, се претставуваше во улога на ангел, промовирајќи регионална интеграција, мир и соработка меѓу народите на Балканот, врз основа на европскиот шенген модел, но без Европејците.“, пишува авторот Мухамер Пајазити во колумната Каде започна „кавгата“ меѓу Рама и Курти?, објавена во ИНА.
Д. Тахири / Цивил Медиа