Со цел разгорување на националната омраза помеѓу бугарскиот и македонскиот народ, дуото Захариева/Каракачанов синхроно пливаат со дуото Мицко/Орце, пишува во објава на Фејсбук професорката Ана Чупеска.
„Дуото Захариева/Каракачанов синхроно пливаат со дуото Мицко/Орце, и се разбира, со взаемно плукање. Но, се со цел разгорување на националната омраза помеѓу двата народа, македонскиот и бугарскиот. Во ваквото плукање во далечина, нема ниту една точка на интерес која би била во корист на двата народа, освен на оние групи на кои европските перспективи на Македонија не ѝ одговараат, а уште помалку добрите и пријателски односи со Бугарија.
Треба да се запрашаме кој им го полни базенот на пливачите? И да се запрашаме кој е поважен: Македонско-Бугарскиот договор за пријателство или оној на Каракачанов/Захариева-Мицко/Орцевиот договор за пријателство?“, пишува Чупеска.