Христијан Мицковски потврди дека е против ЕУ и сака да ја блокира европската иднина на земјата, велат од СДСМ.
Мицкоски сака да ја влече земјата и народот уште 11 години надвор од ЕУ, во изолација.
Цел регион да напредува а Македонија да биде надвор од ЕУ, осамена и изолирана.
Членството во ЕУ не е политичка игра. Се работи за иднината на државата, за исполнување на стратешка цел и врвен национален интерес.
Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на вакво неодговорно и недржавничко однесување на Мицкоски.
Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина, државата да се блокирани од ДПМНЕ.
Ќе се бориме за европска иднина и ќе победиме затоа што мнозинството македонски граѓани стојат зад членството во ЕУ, стои во партиското соопштение.