ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почна реконструкцијата на салата во Спомен-дом АСНОМ во Делчево

August 21, 2023 12:20
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Започнаа градежните работи за реконструкција и санација на спомен-домот АСНОМ во Делчево. Во моментот, како што информираа од Општината, се работи на поставување звучна изолација и изградба на санитарни чворови, а согласно со проектот, предвидена е и рехабилитација на постоечкиот под на фоајето.

– Градежните работи опфаќаат реконструкција на постоечкиот плафон, нова електрична инсталација и ново осветлување, замена на внатрешните врати, замена на подот на сцената, изградба на помошни простории до сцената со намена за гардероби и просторија за реквизити и машинска просторија за греењето, информираа од Општината.

За лицата со посебни потреби, како што додадоа, планирана е изградба на пристапна рампа, со што прв пат ќе се овозможи соодветен пристап за овие лица во салата.

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој направи увид во текот на работите, посочи дека од изградбата на домот за прв пат се прави посериозна реконструкција и адаптација на салата. Со реконструкцијата, нагласи, Делчево ќе добие сала за одржување настани од областа на културата со сите современи услови кои ги бара културата во 21 век, што директно ќе влијае и на збогатување на понудата за љубителите на уметноста.

Досега во малата сала се одржува сите свечености и културни настани во Делчево, но таа максимално се користи и за подготовка и проби на секциите при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, пејачката група „Ѓурѓа“, КУД „Гоце Делчев“ Делчево, како и за проби и настапи на ФГ „Копачка“ од село Драмче и други здруженија кои работат во областа на културата.

Вкупната вредност на работите е 10,5 милиони денари, од нив преку Програмата за користење капитални дотации до единиците на локалната самоуправа од областа на културата за 2023 година преку Министерството за култура се обезбедени средства во висина од 9,6 милиони денари. Општина Делчево учествува со парични средства во износ од 817.353,00 денари обезбедени од Буџетот на Општина Делчево за 2023 година.

Градежните работи кои ги изведува ПАНЕЛ-М Мехаз ДООЕЛ Тетово треба да завршат до крајот на ноември оваа година, а претходно со средства од Општина Делчево беше извршена санација на кровот на спомен-домот АСНОМ.

Tags: ДелчевоСпомен-дом АСНОМ
Next Post

Тренчевска: Родовата еднаквост е еден од приоритетите на Владата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk