Министерот за правда Кренар Лога заедно со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и државниот секретар на Министерството за правда Мухамед Точи присуствуваа на промотивната кампања за бесплатна правна помош во Гостивар.
Граѓаните имаа можност одблиску да се информираат и да добијат одговори за начинот на кој може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи го семејното насилство,старателство, дискриминација, социјална и здравствена заштита, работни спорови, оставински постапки.
Бесплатната правна помош е наменета за ранливите граѓани кои се во тешка финансиска состојба со што ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење.
Кампањата се реализира во различни региони во земјава и е поддржана од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда.
Пристапот до правдата е дел од Поглавјето 23 „Правосудство и фундаменални права“.
Нашата цел е да се хармонизираат правната рамка и политиките во однос на бесплатната правна помош во согласност со стандардите на Совет на Европа како и да се зајакнат капацитетите за давање на квалитетни услуги.