Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум, кој годинава е на тема „Солидарност за глобална безбедност“.
Во рамки на Бледскиот стратешки форум, премиерот Ковачевски ќе учествува на работна вечера на покана и во организација на премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб.
Ковачевски, на Бледскиот Стратешки Форум, исто така е еден од говорниците на лидерскиот панел што ќе се одржи утре веднаш по отворањето на Форумот. На панелот ќе учествуваат и свои обраќања ќе имаат претседателот на европскиот совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.
Во рамки на овогодинешното учество на Бледскиот стратешки форум, премиерот Ковачевски ќе оствари и повеќе билатерални средби меѓу кои и со специјалните претставнци за Западен Балкан, на Европската Унија Мирослав Лајчак и на Обединетото Кралство Сер Стјуарт Пич.
Во рамки на работната посета на Словенија, претседателот на Владата ќе оствари и средба со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Северна Македониja.