Еден од клучевите за завршување на војната и за зачувување на светскиот поредок е уништувањето на рускиот воено-индустриски комплекс, напиша на Телеграм, Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Руските терористи продолжуваат да ја напаѓаат пристанишната инфраструктура со надеж дека ќе успеат да предизвикаат криза со храна и глад низ целиот свет. Главната задача за нас и нашите партнери денес е да ги елиминираме можностите на рускиот воено-индустриски комплекс да произведува оружје за понатамошни напади против Украина. Исто така построга одговорност за оние кои му помагаат на непријателот да ги заобиколи санкциите, напиша Јермак.
Тој нагласи дека руската одбранбена индустрија не е во состојба да функционира без странски компоненти на оружје, а по уништувањето на одбранбената индустрија, поразот на руските војници ќе биде целосен.
Извор: МИА