Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за проверка на наводите за Клиниката за онкологија, меѓутоа со оглед на фазата во која се наоѓа постапката обвинителството не е во можност да споделува детали, информираат од Обвинителство за текот на постапката за Клиниката за онкологија.
– Меѓу останатите бројни дејствија, во континуитет се вршат распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Исто така, отпочнати се и дел од анализите на прибраните материјални докази, посочуваат од ЈОРСМ.
Јавното обвинителство, се вели во соопштението, го разбира интересот на јавноста за овој предмет и во оној момент кога ќе се стекнат објективни услови без да се наруши текот на постапката, соодветно ќе информира за сите резултати од преземените дејствија.