Државата-терорист во попладневните часови изврши ракетен напад врз градот Костјантинивка, Донецката област. Како последица на нападот, 16 лица се починати, а 5 се ранети.
Руската Федерација константно го тероризира цивилното население на Украина и продолжува со убиства на цивили, информира Амбасадата на Украина на Република Северна Македонија.
„Русија како 560. членка на Советот за безбедност на ОН, свирепо продолжува да војува против цивилното население. Синоќа Кијив беше нападнат со крстосувачки и балистички ракети, а беше извршен ракетен напад врз Запорижја. Вооружените Сили на Украина го ослободуваат секој метар.Со TAURUS ќе биде посигурно“, напиша украинската амбасадорка на земјава Лариса Дир на Твитер.
560.🇷🇺членка на Советот за безбедност на ОН,свирепо продолжува да војува против цивилното население-синоќа Кијив беше нападнат со крстосувачки и балистички ракети,беше извршен ракетен напад врз Запорижја.Вооружените Сили на🇺🇦го ослободуваат секој метар.Со TAURUS ќе биде посигурно pic.twitter.com/N6PVjTNCTa
— Larysa Dir (@dir_larysa) September 6, 2023