„Ако некој мисли дека ова е бугарски диктат, тогаш и дава диспропорционално голема сила на Бугарија, за која знаеме какви ѝ се перформансите во економија, во секоја друга област во однос на ресурси и политички капацитет, да влијае на ниво на Европската унија. И даваш таква моќ на Бугарија дека може да им диктира на другите 26 држави членки, каква да биде преговарачката рамка“, во интервју за „Фронтлајн“ и ЦИВИЛ Медиа, вели претседателот Стево Пендаровски, во однос на тоа дали Уставните измени се под бугарски диктат, како што инсистираат дел од опозицијата.
„Една од најголемите навреди на интелигенцијата на македонскиот граѓанин е кога ќе ја наречеш Европската преговарачка рамка, „бугарски диктат“ , значи стануваше збор и знаеме сите дека и за време на француското предлог и на крај и формално правно и политички суштински европска преговарачка рамка на ЕУ со земја кандидат – сега Северна Македонија. Навредата е многу поголема и за една од земјите која е наш пријател во целиот овој процес, независно од одредени поинакви размислувања, тоа е Република Франција. Да кажеш дека е бугарски диктат францускиот предлог, тоа значи да ја навредиш целокупната француска дипломатија, бидејќи тоа не е точно.
Ако некој мисли дека ова е бугарски диктат, тогаш и дава диспропорционално голема сила на Бугарија, за која знаеме какви ѝ се перформансите во економија, во секоја друга област во однос на ресурси и политички капацитет, да влијае на ниво на Европската унија. И даваш таква моќ на Бугарија дека може да им диктира на другите 26 држави членки, каква да биде преговарачката рамка.
На тие што малку знаат од европските преговори им е јасно дека Бугарија не може да диктира Европска рамка. Може да сугерирам да предложи, може да собере луѓе околу себе, држави кои можат да и помогнат во одреден став, но не може да издиктира Европска рамка за ниедно битно европско прашање, бидејќи се знае кои се главните мотори на таа внатрешна динамика на Европската унија“, вели Пендаровски.
Факт е дека во овој момент топката е на нашиот дел од теренот, потенцира претседателот Пендаровски.
Разговорот го водеше: Дестан Јонузи
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Ангел Ангеловски