ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Кореја: Корејскиот Полуостров е на работ на нуклеарна војна, виновни се САД

September 26, 2023 21:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ

Корејскиот Полуостров е „на работ на нуклеарна војна“, особено поради „неразумните постапки“ на САД, предупреди денеска на Генералното собрание севернокорејскиот претставник во ОН и затоа неговата земја нема избор туку да ја забрза сопствената самоодбрана, објавија американските медиуми.

„2023 година е запаметена како исклучително опасна“, истакна амбасадорот Ким Сонг на последниот ден од годишната седница на ОН, на која се собраа лидерите на 193 земји ширум светот.

„Неразумните акции“ и „постојаната хистерија на САД и нивните сојузници во однос на нуклеарниот конфликт (…) го водат Корејскиот Полуостров кон воена ситуација на работ на нуклеарна војна“, изјави тој.

„Под такви околности, КНДР (Демократска Народна Република Кореја) треба итно да го забрза градењето на своите капацитети за самоодбрана со цел да не биде поразена“, рече Ким пред Генералното собрание.

Северна Кореја тестираше десетици балистички ракети во изминатите 18 месеци.

САД долго време предупредуваат дека Пјонгјанг е подготвен да изврши седма нуклеарна проба.

Пјонгјанг тврди дека го користи своето право на самоодбрана со тестирање балистички ракети за да го зачува својот суверенитет и безбедност од воени закани.

Покрај САД, тој ја именуваше и соседна Јужна Кореја, која е американски сојузник.

Сеул е „опседнат со тоа свесно да биде поданик на САД и да се вклучи во братоубиствена конфронтација“, рече Ким, според АФП.

КНДР е под серија санкции на Советот за безбедност на ОН поради нејзината нуклеарна и ракетна програма од 2006 година, а мерките беа заострени во последниве години.

Меѓутоа, во последните седум години, 15-члениот Совет за безбедност беше поделен околу тоа како да се справи со Пјонгјанг. Русија и Кина, кои заедно со САД, Велика Британија и Франција имаат право на вето, тврдат дека новите санкции нема да помогнат и сакаат таквите мерки да се олеснат.

Кина и Русија оценуваат дека заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја само го провоцираат Пјонгјанг. Од друга страна, Вашингтон ги обвинува Пекинг и Москва дека ја охрабруваат Северна Кореја со тоа што ја штитат од нови санкции.

Г. Т.

Tags: виновнициКим Сонгнуклеарна војнаОНСАДСеверна Кореја
Next Post
Али Ахмети, Чаир, Скопје, 26 септември 2023

Али Ахмети од Чаир: Се залагаме за целосна родова еднаквост

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk