ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Континуирано носиме мерки за заштита на стандардот на граѓаните, со „гарантирана цена“ и пониски маржи го спречуваме ценовниот шок и ја одржуваме економската стабилност

September 27, 2023 15:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на Република Северна Македонија

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски беше во посета на компанијата „Горска ДООЕЛ“.

„Многу е важно компании како „Горска“ која успешно се одржува на пазарот повеќе од 30 години, но и сите други компании да се вклучат во поддршката на нашите мерки со кои обезбедуваме стабилност на цените на домашниот пазар.

Она што на вчерашната владина седница го донесовме како одлука е практично проширување на листата на производи со „гарантирана цена“ и ги додадовме и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото кои ќе бидат со намалена цена од најмалку 10 отсто.

Дополнително, донесовме одлука и за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените за овие производи во износ до 30%“, истакна премиерот Ковачевски при денешната посета на компанијата „Горска ДООЕЛ“.

Потсетувајќи на претходните владини мерки, со кои што се намали цената за 10 отсто на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, премиерот Ковачевски рече и дека е донесена одлука со која се укинати увозните давачки за млечните производи со масленост над 10%, што се очекува да се одрази со намалување на цените и на овие производи кои се значајни за потрошувачите.

„Донесовме одлука и за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук и ориз, како и укинување на увозните давачки за увоз на лимони, портокали, мандарини и други производи од овој вид. А зависно од движењата на пазарот, ќе следуваат и други одлуки за олеснување на товарот од инфлациските движења, а тие одлуки веќе се подготвуваат во Министерството за економија“ појасни премиерот Ковачевски, кој апелираше до трговците и до производителите да се придржуваат до овие нови мерки, како и да ги почитуваат претходните, бидејќи се во интерес на граѓаните.„Нема да дозволиме никој да се богати врз грбот на граѓаните. Мора да направиме граѓаните да се изборат со високите цени, со инфлацијата и да работиме заедно на намалување на цените и зголемувањето на животниот стандард на граѓаните.

Затоа и во претходниот период, како и сега, секогаш кога сме забележувале негативни економски движења, сме интервенирале брзо и со конкретни, таргетирани мерки сме ги контролирале инфлациските текови. Преку конкретни мерки покажавме дека што поскоро сакаме да ги пресретнеме и спречиме ценовните шокови за населението и со новите мерки да постигнеме економска стабилност“, нагласи премиерот Ковачевски.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, на настанот оцени дека владините одлуки имаат влијание врз животниот стандард, бидејќи според пресметките, со овие владини мерки за „гарантирана цена“ на производите, секое домаќинство има заштеда од над 2.000 денари со пониските цени на производите.
Министерот Бектеши пред присутните појасни дека е регистриран голем извоз на одредени земјоделски производи.
„Немаме намера да субвенционираме производи за други држави. Гледајќи ги податоците, се забележува дека најголемо зголемување на цените има во делот на овошјето и зеленчукот. Затоа би им порачал на трговците да не го оставаат македонскиот пазар како резерва во снабдувањето со овошје и зеленчук. Не сакаме да се доведеме во ситуација тој јаз ние да го надополнуваме со увоз. Затоа апелирам да се пласира на домашниот пазар, а доколку се прави спротивното, како министерство ќе предложиме укинување на увозните давачки на одредени производи“, изјави министерот за економија Бектеши.
Директорката на правниот оддел во „Горска ДООЕЛ“, Симона Костадинова-Саздова посочи дека како општествено одговорна компанија, одлучиле да ја прифатат иницијативата на Владата.
„Решивме да ја прифатиме иницијативата на Владата на Република Северна Македонија и да ги прилагодиме цените на дел од нашите производи кон Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и мало. Еден од главните приоритети на „Горска“ е грижата за нашите потрошувачи, па следствено на тоа секогаш ја создаваме стратегијата на компанијата во таа насока. Ја поздравуваме и ја поддржуваме оваа Одлука на Владата, а нашата компанија и во иднина ќе продолжи да ги креира ценовните политики согласно оваа иницијатива“, изјави  Костадинова-Саздова.
Tags: гарантирана ценаКовачевскимерки
Next Post

Бектеши: На трговците со овошје и зеленчук македонскиот пазар да не им биде резервен за снабдување (ДПЛ)

Shortcut

Најново

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk