Поранешниот премиер Зоран Заев после средбата со Димитар Ковачевски на стратешкиот состанок во СДСМ, во објава на Фејсбук, истакна дека „мораме да осигураме просперитет за македонските граѓани и извесна иднина за нашата држава“.
„Мораме да осигураме просперитет за македонските граѓани и извесна иднина за нашата држава. Членството во ЕУ сега се чини најдостижно. На тој пат, ние социјалдемократите, имаме државничка одговорност да преземаме храбри и одлучни чекори. Демократскиот блок не исклучува, тој здружува. Тоа е единствената и проверена формула за нов македонски успех“, рече Заев.