„Кога ќе ги погледнете тие нивни ставови таму вие може да видите дека се работи за мал Груевски и голем Груевски, бидејќи тие немаат различни политички ставови тие во однос на изолација на државата, во однос на неносење на одлуки, во однос на неинтегрирањето на државата во ЕУ, немаат никакви разлики во своите политички постапки“ рече премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител.
Тој додаде дека сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ е против интеграција на држвата во ЕУ и цело време наоѓа изговори, нема став, не покажува одлучност и поради тоа се отвори дебатата за тоа кој е големиот, а кој малиот Груевски во партијата.
„Без разлика на тоа што по висина сигурно дека сегашниот претседател е неколку десетици сантиметри повисок, меѓутоа сепак мислам дека во идеологијата големиот Груевски е оној кој е понизок по раст. Меѓутоа тоа е дебата која што тие ја треба да ја водат, јас не можам да се меша во друга политичка партија, меѓутоа сметам дека курсот што го имаат воопшто не се разликува од тоа што беше 11 години, ја држеа државата во изолација“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека немал никаква комуникација со Груевски и рече дека ниту смета оти некогаш ќе има.