Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Тел Авив се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху.
-Тука сме, не одиме никаде, рече Блинкен, пренесен од британските медиуми.
По пристигнувањето во Израел, американскиот државен секретар се огласи на социјалната мрежа Х, пишувајќи дека е во Израел за „едно да разјасни. САД стојат покрај Израел и неговиот народ. Ние секогаш решително ќе се бориме против тероризмот“, напиша Блинкен.