Членови на семејствата на руските војници кои се борат во Украина неодамна објавија видео во кое го повикуваат Путин да ги отстрани нивните најблиски од првите борбени редови. Видеото е снимено во руската република Татарстан, првично е објавено на Телеграм, а потоа споделено на социјалната мрежа X од независниот медиумски проект War Translated.
Еден човек кој стои пред членовите на семејствата во говорот се осврна на високата стапка на жртви кои ги претрпе баталјонот од Татарстан, велејќи дека единицата доживеала „колосални загуби“. Тој порача дека ја има поддршката на повеќе од дваесет „блиски роднини“ на припадниците на 2. баталјон, 1234. полк на руската армија, пренесува Њузвик.
Relatives of the mobilised men from Tatarstan are puzzled as to why the battalion was placed on the zero line in Svatove direction, and not in defence as promised, and is taking “colossal casualties” as a result.
Regiment number 1234. pic.twitter.com/EXD8UbjOhk
— Dmitri (@wartranslated) October 15, 2023
„Ве молиме да помогнеме и да го спасиме нашиот баталјон од Татарстан. Две години нашиот баталјон делуваше како територијална одбрана во правец на Сватов. Во моментов голем дел од баталјонот е нападнат. Останатите чекаат да бидат испратени (во јуриш) секој ден. Имаат колосални загуби. Секоја минута добиваме информации за ранети и убиени“, нагласи тој.
Според него, чие име не е наведено, баталјонот од Татарстан не сака да не ги почитува наредбите и е подготвен да ја брани Русија во војната против Украина. Сепак, роднините директно апелираа до Путин и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да ги оддалечат мобилизираните борци на Татарстан од офанзивните позиции.
„Мобилизираните мора да бидат во одбрана, а не на нулта линија“, рече говорникот, користејќи го рускиот термин „нулта линија“ за првата борбена линија.
Снимката завршува така што целата група едногласно извикува: „Вратете ги нашите мажи!
Г. Т.