ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Медиумите треба да предводат во подигнувањето на јавната свест за ракот на дојката

October 18, 2023 14:19
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АРТА ТАХИРИ

Медиумите објавија дека октомври е месец на подигање на свеста и сензибилизација за рано откривање на ракот на дојка кај жените, преку проверки и континуирано следење, иако од оваа болест не се изземени ниту мажите.

Податоците, сепак, покажуваат дека жените се многукратно поизложени на ризик од овој тумор, и тоа генерално оние што се постари од 50 години. Иако ова е трендот, податоците покажуваат дека овој вид на рак може да зафати и помлади возрасти, што значи дека никој не може да биде имун на болеста.

Иницијативата или кампањата е поддржана од многу земји, бидејќи лекарите често констатираат дека раното дијагностицирање е многу мати подобро од лекувањето. Според извештаите, „годишната меѓународна кампања има за цел да шири информации и да ги едуцира луѓето за важноста на здравјето на дојките, за раното откривање на рак на дојка кај жените и девојчињата ширум светот“.

Но, здравствената култура кај нас, а и на целиот Балкан, што подразбира месечни прегледи или прегледи одвреме-навреме кај лекар на жените и девојките, не е на пожелно ниво, дури е на минимално ниво.

Според економските и превентивните здравствени параметри, Северна Македонија спаѓа во групата земји со висок ризик од рак на дојка. За тоа сведочат алармантните податоци на Институтот за јавно здравје за минатата година, во која од рак на дојка починале 356 жени, што е речиси по една жена дневно во просек.

И Институтот за јавно здравје на Албанија објави дека „врз основа на податоците на Меѓународната агенција за истражување на ракот во светот (GLOBOCAN), која пресметува проценка на реалната состојба во секоја земја во светот, ракот на дојката има највисока инциденца меѓу видовите на рак што ги погодува жените насекаде во светот. Поголемиот дел од смртните случаи од рак на дојка се случуваат во земјите со низок и среден приход, каде што повеќето жени со рак на дојка се дијагностицираат во доцните фази“.

Подигнувањето на свеста и јавната дебата за превенција на ракот на дојка не е одговорност само на лекарите, туку и на медиумите и новинарите.

Ми беше драго што деновиве колешката Аријана Ибрахими побара од мене сензибилизирачка порака против оваа болест, која ја пренесе на телевизија, заедно со пораките на други жени од различни области. Во оваа кампања, сите можат да го дадат својот јавен придонес.

Поради улогата и влијанието што го имаат во општеството, сметам дека различните медиуми, особено оние најголемите, односно јавната телевизија (МРТВ) која има законска и професионална обврска, но и комерцијалните кои имаат национална дозвола (за емитување во целата земја), како и порталите и локалните медиуми, треба да придонесат за подигнување на јавната свест за оваа болест.

Затоа, и преку овој напис, апелирам до медиумите за проблемот да не известуваат само во дебатни или во утрински и попладневни информативно-забавни емисии, и тоа само на денот кога се одбележува подигнувањето на свеста за оваа болест или кога има јавни кампањи.

Медиумите и новинарите треба да известуваат и тематски да го третираат проблемот со ракот на дојката но и другите опасни болести во континуитет, бидејќи на тој начин ќе ја реализираат својата професионална, а над сè – нивната хумана мисија.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од СМК.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АРТА ТАХИРИмедиуми
Next Post
Christian Adams

Бајден во посета на Израел

НАЈНОВО

Фото: SpaceX, на Х

(ВИДЕО) SpaceX успешно ја лансираше Starship Flight 11 – најголемата и најмоќната ракета некогаш создадена

October 14, 2025
ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинителство поведе постапка против 19-годишник за серија кражби

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk