СДСМ Битола објавија видео снимка од социјалните мрежи на која се гледа како автобус не може нормално да помине на кружен тек, што, како што нагласуваат, се гради кај ветеринарното училиште во Битола.
„На социјалните медиуми “кружи” видео од кружниот тек кој се гради кај Ветеринарното. Автобус не можи нормално да помини! И него го згрешија! Како што прават сѐ погрешно две години, а парите ги потрошија!“, се наведува во објавата од СДСМ Битола.