– Исмет Рамадани на „Само вистина” на Канал 5 издржа против 2-ца нас’скани новинари (едниот гостин за дебата, другиот водител) , да не им ги потврди махинално нивните по 10 пати повторени реторички прашања дека СДСМ е крив за не влегувањето во ЕУ, дека Ковачевски и Груби лажат, па сврте на критика кон етничките недоследности во програмата на медиумот за кои тие не реагираат, со што оставаат простор за подгревање на националистички тензии. Па по ова, се јави директорот Мирчевски во живо да го искара гостинот, да го истера од студиото и да ја прекине емисијата. Не, ова не е Авганистан, на телевизија Канал 5 се случи, кај нас., реагира на Фејсбук новинарката Јованка Дојранлиева, на вчерашниот инцидент предизвикан од директорот на Канал 5, Иван Мирчевски во емисијата Само вистина.
Таа нагласува дека новинарите му се „настроиле на гостинот да го сецкаат“ и дека дебатата била „циркус“
„Не излегувам од студио, а ти прекини ја емисијата” – одважно и самоуверено врати Рамадани, вели Дојранлиева .
„Каква циркус дебата гледав – му се настроија да го сецкаат ко марула салата во емисијата, тој им се прелеа со својот интегритет ко прелив за цезар салата. Како не му беше срам на директорот да се јавува во емисија во живо со се сите канаринци, папагали до него? Што ќе каже АВМУ? Ова ли е слобода на говорот? Или, Слобода на директорот да се јавува од дома и да брка гости, а не слобода на говорот на поканетиот гостин за дебата во медиумот?!“, прашува новинарката Дојранлиева.
Ј. Ѓ.