ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Каква порака испраќа Мицкоски со скандалозната поддршка за Канал 5?

November 3, 2023 08:00
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Директорот на Канал 5 телевизија нè потсети на „Началничните“ медиумски невремиња од времето на режимот. Она што може да се направи за поддршка на Исмет Рамадани е да не им се гостува во „директорските“ им емисии. Или да им се одмолчи цела емисија, беше мојот прв кометар за скандалот во Канал 5, што го приреди директорот на телевизијата.

На социјалните мрежи и во јавноста следеа реакции најмногу со осуда, но ги имаше и со поддршка и со задршка…

Погодувате, Мицкоски излезе со поддршка на Канал 5.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со инцидентот во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија смета дека реакцијата на луѓето што ја водат телевизијата била очекувана. Според Мицкоски нормална е да се избрка поканет гостин во емисија по интервенција на директор од телевизија.

За тие што го оддремаа сакдалот, да потсетам за што станува збор. На директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски не му се допадна тоа што го кажа гостинот Исмет Рамадани во емисијата „Само вистина“, и директорот со директна интервенција во емисијата која одеше во живо, реши да го отстрани гостинот од емисијата.

Ете, драги мои, ова за Мицкоски е нормална реакција и тој од позиција на лидер на партија дава огромна поддршка за раководството на медиумот.

„Станува збор за исклучително коректно момче кое професионално си ја работи својата работа. Моето искуство е дека никогаш не оставил најмал простор за тоа што беше оквалификуван од страна на господинот кој вчера безочно го нападна во отсуство на аргумети. Нормално е да се очекува луѓето кои го водат тој медиум да реагираат и според мене, реакцијата која следеше е очекувана. Огромна поддршка за медиумот. Мојата честитка и на роденденот на медиумот беше дека политичарите постојат и заминуваат, а медиумите да продолжат да работат професионално. Задржете ја професионалноста и воопшто не треба да се посветува внимание на луѓе кои се само една лоша епизода на политичката сцена, изјави Мицкоски за инцидентот во „Само вистина“.

Мицкоски со оваа изјава каде аминува директор на телевизија наместо новинарот водител да одлучува за емисијата и односот со поканетите гости, буквално ги поттикнува директорите и сопствениците на медиумите да ја компромитираат уредувачката независност и директно го поткопува кредибилитетот на новинарството во Македонија.

Со зборовите од изјавата на Мицкоски каде за новинарот што ја водеше емисијата вели: „станува збор за исклучително коректно момче…“, тој покажува бесрамна патрона намера, односно се обидува „татковски“ да ги зема под партиска закрила и новинарот и телевизијата и испраќа многу опасана порака (карактеристична за времето на режимот на Груевски) до новинарите, уредниците и сопствениците на медиумите – Не грижете се, ние сме тука да ве згрижиме, во превод вели Мицкоски.

Колку ваквата хвалопевка на Мицкоски на актуелното раководство на Канал 5, ќе ја чинат објективноста на медиумот, може само да претпоставиме, но со оглед на поранешните режимски искуства и партиските манипулации на ВМРО-ДПМНЕ со медиумите, и бекграундот на конкретната телевизија, не е тешко да погодиме што ќе се случува во предизборите, за време на изборите и потоа.

Како работеше оваа телевизија во време на режимот на Груевски, како што потсетува и Џабир Дерала во својата колумна, можевме да слушнеме од „бомбите“ на опозицијата. „Тоа е истата телевизија чиј газда му рече на шефот на вмровската пропагандна машинерија, Мартин Протуѓер, дека има намера да ја исклучи струјата во телевизијата, само за да не се емитува емисија што не е по мерката на режимот. Со тоа, газдата на Канал 5, да потсетиме, отиде подалеку дури и од шефот на агитпропот Протуѓер кој сугерираше „поблага“ диверзија – да се пушти емисијата, но со лош тон и со пречки. (погледнете го видеото)“.

А, овој Mирчевски пак, кој сега се сили дека ќе го тужел Дерала за гореспоменатата колумна, е истиот тој кој во 2018 година јавно се извини за манипулациите и погрешното известување на телевизијата Канал 5 за време на претходната власт. „Беше режим, вие мислите се работело во розеви услови. Тогаш ми беа одземни ингеренциите. Сега ми се вратени ингеренциите. Јас се извинувам во името на медиумот. Во името на сите вработени им се извинувам на сите кои сме им нанеле неправда. Канал 5 веќе е на средина. Дојде момент и ние рековме доста е, од сега сме на средина“, рече тогаш Мирчевски, но не кажа кој му ги одзел ингеренциите.

Чудни некои директори и сопственици, чудна некоја телевизија. Сигурно некогаш пак ќе се извинуваат.

Ништо чудно од Мицкоски, си ја постигнува целта – разгорува меѓуетничка нетрпеливост.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: Канал 5МирчевскиМицкоскискандал
Next Post

Продолжува седницата на собраниската Анкетна комисија за скандалот на Онкологија

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026
Фото: Охрид „СОС“

Куќата во Охрид изградена 1927 година се руши, надлежните си ја префрлаат одговорноста

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди директен настап на Светското првенство во МТБ Маратон

June 1, 2026
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Емотивно проштално писмо на Арне Слот до навивачите: Промената е дел од фудбалот, Ливерпул ќе продолжи да ве прави горди

June 1, 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk