Фондот за хуманитарни права во Косово, кој се занимава со документирање на прекршувањата на човековите права за време на војната, досега успеал да документира над 13.500 граѓани убиени и исчезнати од војната на Косово во 1998-1999 година. Косовската полиција соопшти дека на полноќ се случила експлозија во северна Митровица, и дека работи на случајот.
Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.
КОСОВО
Зери: Досега во Косово има документирано 13.535 убиени и исчезнати лица
Фондот за хуманитарни права во Косово, кој се занимава со документирање на прекршувањата на човековите права за време на војната, досега успеал да документира над 13.500 граѓани убиени и исчезнати од војната на Косово во 1998-1999 година.
Ова го соопшти директорот на овој фонд Беким Блакај.
„Досега имаме документирано 13.535 лица кои биле убиени или исчезнати за време на војната и веднаш по војната во Косово. Повеќето од нив се Албанци, значи над 10.800 се Албанци, но има и други заедници, има некаде околу 2.200 Срби, потоа има стотици Роми, Босанци и други“, соопшти директорот на Фондот, Беким Блакај, пренесе Зери.
Инсајдери: Експлозија на северот на Митровица, полицијата со детали
Косовската полиција соопшти дека на полноќ се случила експлозија во северна Митровица. „Косовскиот пријавител пријавил дека во близина на неговата куќа била фрлена експлозивна направа, при што биле оштетени неколку прозорци од куќата“, се наведува во полицискиот извештај.
„На местото на настанот пристигнаа сите надлежни полициски единици. Нема извештаи за повредени лица“, се наведува во соопштението. Случајот се уште го истражува полицијата, пренесе Инсајдери.
Газета Експрес: Радоичиќ заминал во Москва, тврди експертот за безбедност
Безбедносниот експерт Бедри Елези тврди дека терористот Милан Радоичиќ во саботата ја посетил Москва во Русија.
„Според информации од веродостојни извори, лидерот на терористичката група која изврши агресија во Косово на 24 септември 2023 година, Милан Радоичиќ пристигнал во Москва на 25 ноември 2023 година“, напиша Елези на својот ФБ профил.
„Како е можно Радоичиќ да отпатува во Москва, кога основниот суд во Белград јавно објави дека на Радоичиќ му е одземен пасошот, затоа што се води истрага за терористичкиот напад на Косово“, вели тој, пренесе Газета Експрес.
АЛБАНИЈА
ЕО: Албанија завршува важен процес на патот кон членството во ЕУ
Албанија бележи уште еден многу важен чекор во процесот на интеграција во Европската унија. Министерот за надворешни работи Игли Хасани најави дека процесот на проверка на компатибилноста, познат како „скрининг“ е успешно завршен оваа недела во Брисел.
„Овој процес траеше 14 месеци со 777 презентации, со вклученост на над 1500 албански експерти и 1000 експерти од Европската комисија. Од 2022 година, беа одржани 300 објаснувачки и билатерални состаноци за разгледување на acquis. Овој процес ја приближува Албанија до Европската унија и ја прави поподготвена за понатамошните фази на интеграција. Следниот чекор е да се отвори првата група поглавја за основни прашања. Поттик за интензивен ангажман, со цел да се забрза процесот за членство на Албанија во ЕУ“, вели Хасани, пренесе Економиа Онлајн.
КОЛУМНА
Јава Њуз: Опозициската федерација наспроти цинизмот на Реализмот
Ако ќорсокакот на опозицијата е речиси трагичен за јавноста, делот на ДП, јасно поделен на две страни, го отфрла изгледот на оваа реалност и битноста од втора рака, пишува авторот Бен Андони.
Андони во колумната се осврнува на последните случувања на политичката сцена во Албанија, односно на опозицијата која според авторот, е во ќорсокак и несогледување на реалноста.
Таквите ја сметаат денес потребата на јавноста да види единствен глас. Затоа можеби делот на организирање на федерацијата на малите партии може да се смета како идеја, но за да заживее, тие прво треба да се соочат со реалноста. За жал, тие се подеднакво поделени и нејасни за улогата на Бериша, но и за главните аспекти, како може да се доведат другите политички партии да бидат дел од Федерацијата, пишува Бен Андони во колумната „Опозициската федерација наспроти цинизмот на Реализмот“, објавена во албанскиот дневник Јава Њуз.
Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа