ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Средба на претседателот на Собранието со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија

December 1, 2023 16:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Собрание на РСМ

Фото: Собрание на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,  Талат Џафери денеска остварил средба со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Бесани, соопшти собраниската прес-служба.

На средбата, како што се наведува во соопштението, присуствувале и Џиаокинг Жу, директорка на Светска банка за регионот на Западен Балкани, Масимилиано Паолучи, директор на Светска банка за Северна Македонија и Косово и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Џафери информирал за временската рамка во која Собранието ќе го усвои Буџетот за 2024 година, како и за законите кои се усвоија во Собранието во изминатиот период, со акцент на новиот Закон за буџети со кој се воведоа фискални правила, Фискален совет и подобрување на транспарентноста на јавните финансии.

Во однос на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за одржливост и отпорност,  Џафери нагласил дека е во собраниска процедура, а како предуслов за усвојување на овој закон Собранието има усвоено 11 дополнителни закони.

Потпретседателката на Светска Банка, како што стои во соопштението, изразила задоволство што ги поддржуваат амбициите и целите на државата во изминативе 30 години и надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина.

Бесани се осврнала на наодите од ажурирањето на Систематската дијагностика за земјата од 2023-та година и се осврнала на приоритетите на земјата кои би можеле да бидат поддржани од Светска банка во следната Рамка за партнерство со земјата.

Соговорниците се согласиле дека поддршката што ја добива Република Северна Македонија од Светска банка е силен сигнал дека државата се движи во вистинска насока, и е мотивација да се продолжи со политиките и започнатите реформски процеси, а во исто време дава сигнал кон меѓународните чинители и меѓународните финансиски пазари. 

Tags: БесанисредбаЏафери
Next Post
ОБСЕ

Борг: Мора да се фокусираме на ставање крај на војните и конфликтите

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk