Земјотрес со интензитет од 7,5 степени го погоди островот Минданао на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил на длабочина од 63 километри, а наскоро се очекува цунами да ги погоди Филипините и Јапонија, пренесува Ројтерс.
Американскиот географски институт процени дека земјотресот бил со јачина од 7,6 степени и длабочина од 32 километра.
Филипинската сеизмолошка агенција PHIVOLCS соопшти дека цунами брановите би можеле да ги погодат Филипините до полноќ по локално време (17 часот по македонско време) и може да траат со часови.
Јапонската телевизија NHK соопшти дека цунами брановите до еден метар се очекува да стигнат до западниот брег на Јапонија малку подоцна – до 01:30 часот в недела (17:30 часот по македонско време денеска).
Филипинската владина агенција ги предупреди жителите на источните провинции Суригао Дел Сур и Давао на источниот брег на Минданао веднаш да се евакуираат на повисоките места или да се преселат во внатрешноста на земјата. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека очекува цунами бранови да ги погодат јужните делови на Филипините и делови од Индонезија, Палау и Малезија.
Ројтерс јавува дека се издадени наредби за евакуација и за некои области на југозападниот јапонски брег.
Г. Т.