Во рамки на програмата „ Seeing is Believing“ за градење на јавното разбирање за НАТО и отпорноста на Балканот, група новинари од Северна Македонија и Црна Гора престојуваат во Талин, Естонија, каде денес го посетија Министерството за надворешни работи на Естонија и се сретнаа со Генералниот секретар на Министерството, Јoнатан Всевиов, со кого разговараа на повеќе теми.
Откако Всевиов ги запозна присутните со историјатот на заградата во која е сместено министерството, која предходно била седиште на советските окупаторски власти во Естонија, тој се задржа на придобивките од членстото на неговата земја во НАТО и ЕУ, и истакна дека докажале дека ништо не е невозможно со зачленувањето на една мала земја, од околу 1 300 000 жители, без големи економски, воени и политички можности во НАТО и ЕУ во 2004 година, а од 2012 година и во останатите придружни сојузи.
Никогаш повеќе сами, нагласи Всевиов.
Тој исто така нагласи дека Талин ќе продолжи да го поддржува Кијив во одбраната од руската агресија, не само заради Украина, туку и дека дека победата во војната е од големо значење за Естонија и за целиот Запад.
Тој во одговор на новинарско прашање за доаѓањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, ги објасни причините за одлуката на Талин да не присуствува на Самитот на највисоко ниво.
Според генералниот секретар на естонското министерство за надворешни работи, присуството на Лавров на Самитот воопшто не обезбедило никакви придобивки, ниту за функционирањето на ОБСЕ, ниту за безбедноста во Европа .
Имаше само забавен карактер. Ние не сакавме да учествуваме во таков циркус, истакна Всевиов.
Според него, ако по војната во Грузија и анексијата на Крим се уште беше можно набљудувачи да аргументтираат за одредени меѓусебни недоразнирања, сега веќе не може да се сокрие дека Русија, не само што ги прекршува, туку и ги напаѓа основните принципи на ОБСЕ, како што е, без преседан, уништувањето една земја членка, и опструирањето и блокадите ги сите одлуки, меѓу кои беше и блокирањето на естонската кандидатура за претседателството.
Д. Мишев / Цивил Медиа