ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Поранешна функционерка на ОБСЕ сведочи во судењето Тачи и другите; климатските промени, недостатокот на работна сила од емиграцијата ја загрозуваат албанската економија според извештајот на ЕК

December 11, 2023 10:46
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Photo: Kosovo Specialist Chambers/Livestream

Photo: Kosovo Specialist Chambers/Livestream

Share on FacebookShare on Twitter

Сандра Мичел, поранешна функционерка на ОБСЕ во Косово, 38-ми сведок, и денеска  ќе сведочи за организациската структура на ОВК.

Во Албанија, истрагите на Специјалното обвинителство за горилникот во Тирана, кои доведоа до издавање на 15 налози за апсење, открија низа неправилности во постапките што се следеа за доделување на концесијата на победничката компанија.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Газета Блиц: Поранешната функционерка на ОБСЕ на Косово го продолжува сведочењето во Специјалното обвинителство

Во Специјализираните совети на Косово (ДХСК) во Хаг денеска продолжува судењето на Тачи и другите. И денеска се очекува сведокот Сандра Мичел да продолжи со сведочењето.

Мичел, поранешна функционерка на ОБСЕ во Косово, 38-ми сведок, минатата недела го започна своето сведочење каде зборуваше и за организациската структура на ОВК, пренесе Газета Блиц.

Телеграфи: Лајчак најави одвоени средби со главните преговарачи Бислими и Петковиќ

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, најави дека се подготвуваат за следната рунда разговори во Брисел на ниво на главни преговарачи.

Иако се уште нема одреден датум, се очекува во овие важни дискусии да се соочат Бесник Бислими и Петар Петковиќ, пренесе Телеграфи.

Бота Сот: Граничен полицаец на Јариње починал на должност, започнати се истраги

Полицаецот Реџеп Сејдиу, кој работел на граничниот пункт во Јариње, починал во неделата додека бил на ноќна смена. Смртта на полицаецот е опишана како сомнителна и веќе се започнати истраги, пренесува Бота Сот.

АЛБАНИЈА

Албеу: Истрагите откриваат прекршувања и врски со инволвираните бизнисмени со инсинераторот во Тирана

Во Албанија, истрагите на Специјалното обвинителство за горилникот во Тирана, кои доведоа до издавање на 15 налози за апсење, открија низа неправилности во постапките што се следеа за доделување на концесијата на победничката компанија. Покрај законските прекршоци, речиси целата практика се спроведуваше во соработка со двајцата претприемачи Клодијан Зото и Мирел Мертири, корисници на концесијата, пренесе Албеу.

Албеу: ЕК- Климатските промени, недостатокот на работна сила од емиграцијата и падот на населението ја загрозуваат албанската економија

Европската комисија (ЕК) во најновиот нов извештај предупреди дека албанската економија следната година ќе се соочи со некои растечки ризици, кои доаѓаат од внатрешни фактори, како што се зголемените климатски ризици, проблемот што се создаде во недостатокот на работна сила како резултат на високата емиграција и пад на населението, пренесе Албеу.

КОЛУМНА

Бота Сот: Политичка употреба и доверба во социјалните медиуми и толеранција и различноста

„Додека студентите постигнуваат добри резултати во однос на политичкото знаење и довербата во институциите, гледаме дека тие не се пионери во користењето на социјалните медиуми за политички цели. Младите релативно малку го користат интернетот за да најдат или споделуваат политички информации.“, пишува авторот Али Хертица во колумната „ Политичка употреба и доверба во социјалните медиуми и толеранција и различноста“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Помислил дека е Черчил или Фокнер, па отишол во партија да промовира „патријархални вредности“

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk