ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: По трет пат се одложува мерката куќен притвор за Бериша; предлог статутот за Заедницата „виси“ на тенок конец

December 29, 2023 12:22
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Photo: LSA

Photo: LSA

Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот суд на Албанија по трет пат го одложи донесувањето на мерката за безбедност, за заострување на куќниот притвор на поранешниот премиер Сали Бериша, известуваат албанските медиуми.

По многубројните барања на меѓународниот фактор Владата да го формира здружението врз основа на нацрт-статутот предложен од ЕУ, премиерот Албин Курти  изјави дека ЕУ и српскиот претседател Вучиќ ја пропуштиле шансата на 26 октомври во Брисел, што предизвика наслови со прашање во косовските медиуми, дали владата го отфрла предлог статутот за Заедницата.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Клан: Безбедносната мерка против Бериша се одложува по трет пат

Трет пат по ред Специјалниот суд го одложи донесувањето на мерката за безбедност против Сали Бериша, по барањето на СПАК за заострување на мерката куќен притвор. Решението се очекува да биде дадено на 30 декември, во 12:00 часот. Адвокатите повторно побараа разрешување на судијката Ирена Ѓока, пренесе Клан.

Газета Шќип – Преговори со ЕУ/Министерот за надворешни работи: Очекуваме добри вести на почетокот на 2024 година

Министерот за надворешна Европа Игли Хасани денеска одржа прес-конференција на која говореше за достигнувањата на албанската дипломатија за 2023 година и за приоритетите за следната година, пренесе Газета Шќип.

КОСОВО

Бота Сот: Дали владата го отфрла предлог –статутот за Заедницата?

По многубројните барања на меѓународниот фактор Владата да го формира здружението врз основа на нацрт-статутот предложен од ЕУ, премиерот Албин Курти  изјави дека ЕУ и српскиот претседател Вучиќ ја пропуштиле шансата на 26 октомври во Брисел, кога тој беше подготвен да го потпише договорот за Заедницата, додека Вучиќ не беше.

Во меѓувреме, претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца, отворено излезе против предлог-статутот за  Заедницата. Според него, нацртот кој има многу штетни точки не може да се спроведе. Во меѓувреме, опозициските партии ја критикуваат владата за промена на ставот, пренесе Бота Сот.

Инфокус – Османи за мерките на ЕУ: Борел ми вети дека ќе предложи отстранување на мерките за Косово

Вјоса Османи изјави дека како претседателка на државата се залага за спречување на построги мерки на ЕУ против земјата.

„Косово не изврши упад во друга земја за да заслужи вакви мерки на ниво на ЕУ. Како претседателка, се залагам за спречување на построги мерки, нашите партнери многу добро знаат какви мерки“, рече Османи.

Османи рече дека шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, и ветил дека ќе даде предлог за укинување на мерките против Косово.

„На последниот состанок на ЕУ со Западен Балкан, инсистирав да се направи јасен пат за тоа како да се отстранат мерките, и со ова барање беше дефиниран патот преку кој му е дадено правото  на Борел да предложи отстранување на мерките, и по неговиот предлог – тие да се отстранат“, рече Османи, пренесе Инфокус.

КОЛУМНА

Панорама: „Бериша“, како „привремен“ поправен дом на моралот

На нашата тема: Дали Бериша, историски лик со сите атрибути, треба да се смета дека ги направил потребните квантитативни и квалитативни промени во различни аспекти во државата? Ги исклучуваме спротивните страни на политиката. Еден рационален одговор, веднаш потврдува: Да! Секако!“, пишува авторот Бен Андони во колумната „„Бериша“, како „привремен“ поправен дом на моралот“, објавена во Панорама.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Скриншот

Најмалку 40 загинати во израелското бомбардирање на градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk