ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Граѓаните на Косово без визи во Шенген зоната, Минатата година во Албанија беше во знакот на СПАК; Бериша во домашен притвор

January 2, 2024 12:16
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Голем број политичари, функционери или поранешни функционери, главно од високите нивоа на централната и локалната власт, го минаа прагот на зградата на СПАК за време на минатата година во Тирана, резимираат албанските медиуми.

Во Косово, од 1 јануари 2024 година, граѓаните ќе можат да патуваат без визи во земјите од Шенген зоната.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за првото издание на АЛ-Прес во 2024 година.

АЛБАНИЈА

Газета Тема: 2023 година во Албанија, во знакот на СПАК!

Во Албанија, Обвинителството и Специјалниот суд беа во центарот на вниманието во текот на 2023 година. Голем број политичари, функционери или поранешни функционери, главно од високите нивоа на централната и локалната власт, го минаа прагот на зградата на СПАК за време на минатата година во Тирана, од каде не заминаа сите, пишува Газета Тема.

ДВ: Поранешниот премиер Бериша е ставен во домашен притвор

„Специјалниот суд против корупција и организиран криминал во Албанија, (ЃККО) одобри во саботата 30.12.2023 барањето на Специјалната антикорупциска структура (СПАК) против него да се преземе безбедносна мерка куќен притвор.“, пренесе Дојче Веле на албански јазик.

КОСОВО

РСЕ: Граѓаните на Косово ќе можат да патуваат без визи во земјите од Шенген зоната

Од 1 јануари 2024 година, граѓаните на Косово ќе можат да патуваат без визи во земјите од Шенген зоната.

Либерализацијата на визите им овозможува на граѓаните на Косово, кои имаат биометриски пасоши, да престојуваат до 90 дена – во рок од шест месеци – во која било од 27-те земји-членки на Шенген зоната, пренесе Радио Слободна Европа.

Епока е Ре: Почеток на големиот судски процес и нови обвиненија од Хаг

Хаг беше центар на случувањата за поранешните водачи на ОВК. Таму почнаа судења и беа донесени пресуди од втор степен. Но, за работата што се одвива во Хаг, во текот на 2023 година вниманието беше насочено и кон Косово. Следствено, беа потврдени и нови обвиненија за мешање во правдата, пишува Епока е Ре.

Газета Експрес – Реутен: По визите, следниот чекор на ЕУ е да му даде кандидатски статус на Косово

Пратеникот од редовите на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (С&Д) во Европскиот парламент (ЕП), Тијс Реутен, смета дека следниот чекор на Европската унија во однос на Косово по визната либерализација ќе биде натамошната обработка на косовските апликација за членство во Унијата, пренесе Газета Експрес.

КОЛУМНА

Коха: Лажните две евра како валута на нашето лице

„Не требаше многу време за фалсификуваните монети да станат секојдневие, мерењето на нивната тежина, тестирањето со магнетно стапче, да стане ритуал. Почнав да собирам лажни монети, кога веќе беше нормализирана нивната лажност, заедно со нејзината безвредност на пазарот. А лажните две евра веќе ни станаа валута на лицето“, пишува авторот Гранит Курти во колумната „Лажните две евра како валута на нашето лице“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Во текот на изминатата ноќ во израелските воздушни напади низ Газа загинаа над триесет Палестинци

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk