ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Кога Пендаровски ќе разговара со грчката претседателка ќе нè информира за пролонгирање на рокот за промена на личните документи

January 11, 2024 14:00
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
пасоѓ

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања рече дека е во очекување на разговорот на претседателот Стево Пендаровски со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за промените на роковите за законските измени за личните документи.

„Претседателот Пендаровски кога ќе има разговор со грчката претседателка, ќе не информира и потоа ќе може да постапуваме“ рече Ковачевски за законските измени во однос на личните документи.

Пендаровски во интервју рече дека потребни се измени на два закони, за пролонгирање на рокот за промена на личните документи и наместо февруари, рокот да биде септември-октомври, но и тој кажа дека прво мора да се разговара со Грција.

Премиерот Ковачевски кажа дека е отворен за предлози и рече дека очекува исход од разговорот на Пендаровски со грчката претседателка.

„Сите предлози за мене се добри. Претседателот може да се сретне со претседателката на Грција, бидејќи сепак и тоа е нивото на кое може да се разговара. Ќе разговараме на седница на влада во однос на можноста ова да се направи. Претседателот Пендаровски најдобро знае бидејќи тој беше вклучен во подготовката на Преспанскиот договор, а при зачленувањето во НАТО беше координатор за НАТО и поради тоа има повеќе детали како би можело тоа да се реши на меѓународно ниво со Грција. Зошто да не“ рече вчера Ковачевски.

Во однос на рокот за промена на личните документи на македонските граѓани премиерот рече дека не е наметнато од Владата туку е обврска произлезена од потпишан меѓународен договор кој, како што рече, овозможил да станеме земја членка на НАТО.

Поврзано:

Владата ќе го разгледа предлогот на Пендаровски да се пролонгира рокот за замена на документи

Tags: КовачевскиПендаровскирок за промена на лични документи
Next Post

Тасевски: Контролорите на летање се обучуваат и тестираат во странство, а потоа секоја година се проверува знаењето

НАЈНОВО

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025
Фото: Википедија

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана – повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 18, 2025
Дестан Јонузи

Македонската фарса на ветувањата

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk