ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Членството во ЕУ значи исчекор кон економски и социјален развој, кон технолошки развиени компании кои ќе бидат конкурентни на светските пазари

January 12, 2024 20:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ значи исчекор кон економски, но и кон социјален развој, кон технолошки развиени компании кои ќе бидат конкурентни на европски и светски пазари, кои отвораат одржливи и добро платени работни места. Компании кои се дел од вредносните синџири на глобалните корпорации, и секако, исчекор кон силна економија која е отпорна на надворешни шокови. Тоа е клучната работа која ја гледам од европските интеграции, порача зменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој учествуваше на панел-дискусија на тема: „Економските придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните во Северна Македонија“, во рамки на кампањата на Владата на Република Северна Македонија „Европска иднина, поблиску од кога било“.

Во дискусијата вицепремиерот Битиќи истакна дека ЕУ носи предизвик, а тоа е брзината со која сакаме да се промениме во нашето разбирање и однесување, а притоа да станеме по конкурентни за европскиот пазар.

„Секако не можете да бидете конкурентни на глобален пазар ако се мерите само на национално ниво, потребно е регионално вмрежување и затоа Планот за раст кој е насочен на регионалната интеграција и регионалниот пазар е само увертира кон заедничкиот пазар на ЕУ. Денот на полноправно членство во ЕУ  ќе значи една трансформативна иднина за нашите компании, затоа што тоа ќе им донесе можност за поголем прогрес, поголем раст, поголема продуктивност и поголема конкурентност“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој посочи дека независно од евроинтегративниот пат на државта, Владата веќе има направено неколку чекори, односно процеси кои се затвораат, а кои не прават по подготвени за полноправно членство во ЕУ.

„Ќе го споменам процесот на изработка Национална развојна стратегија(НРС) за наредните 20 години, каде што еден од клучните резултати е зачленувањето во ЕУ до 2030 година, а со која воедно се скицира развојот кој што ќе го имаме во наредните 20 години.  За помалку од десет години ќе ја намалиме разликата во просекот на БДП по глава на жител помеѓу нашата држава и ЕУ“, рече вицепремиерот Битиќи, притоа потсетувајќи дека со Стратегијата за паметна специјализација се дефинирани пет клучни сектори кои што треба да станат по конкурентни наспроти ЕУ.

Според вицепремиерот Битиќи, не се само во прашање само стратегиите, туку и тоа дека домашните компании веќе зборуваат за тоа да станат дел од вредносните ланци во регионот, но и понатаму, во ЕУ.

„Моментот на трансформација на нашата економија е започнат. Фактот дека имаме 919 компании кои што се во производството, во преработката, кои што се дел од вредносниот ланец во различни сектори, во различни индустрии, а потпомогнати од страна на Владата да направат сопствени инвестиции од половина милијарда евра за период од пет до шест години, за да станат по продуктивни и по конкурентни, за да може лесно да излезат на европскиот пазар, е клучот на успехот кој што го имаме трасирано овие шест години. Кога ќе ги завршат нивните инвестиции, тие ќе изнесуваат скоро една милијарда евра“, рече вицепремиерот Битиќи.

Зборувајќи за структурните и кохезивните фондови на ЕУ, вицепремиерот Битиќи нагласи дека на интегрирањето во ЕУ не треба да се гледа само како извор на финансиски средства, туку и како можност за раст и развој.

„Само во 2022 преку структурните фондови на ЕУ биле инвестирани 731 милијарда евра, што од прилика е за педесетина пати повеќе од БДП на нашата земја. Од нив 535 милијарди евра се од заедничкиот буџет на ЕУ, додека останатите се контрибуција на градовите, регионите и државите кои се корисници на овие фондови. За ова зборуваме, за давањето на можност за растот на компаниите да не биде оставен само на себеси, туку да им се помогне да ја дуплираат, да ја забрзаат нивната конкурентност наспроти заедничкиот пазар, затоа што таму ќе се справуваат со пазар од 500 милиони потрошувачи.  Сите домашни компании кои во овој момент се конкурентни за тој пазар, во моментот на влегување во ЕУ ќе бидат за десет пати поголеми. Станува збор за избор, дали сакаш да бидеш десет пати поголем од тоа што си денеска, или да си некаде

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: економски растЕУФатмир Битиќи

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk