За 17,3 отсто се зголемил бројот на посетители во Грција во периодот јануари- ноември 2023 година, во споредба со една година претходно, а земјата ја посетиле речиси 31,97 милиони туристи, согласно податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Истиот период во 2022 година, бројот на туристи бил 27,25 милиони, а зголемениот број посетители носи и пораст од 15,4 отсто на приходите за земјата, кои достигнале до 20,1 милијарди евра.
Пристигнувањата во Грција преку аеродромите е зголемено за 12,5 отсто, а преку копнените гранични премини за 34,5 проценти.
Во конкретниот период, речиси 20 милиони биле туристи од Европската Унија, а останатите над 12 милиони од земјите вон ЕУ.