Пишува: ВЛАДИМИР КОЧОВСКИ
Охрид е мој град.
Го сакам онака без да имам потреба таа љубов да ја докажувам.
Немам потреба да му се удварам за прекрасното езеро, планините, чаршијата, стариот град, црквите…си знае тој.
А луѓето… Видете, има разни толкувања за охриѓани, те биле вакви те онакви.
Ете и да е се тоа така ко што мислат… Еј, па ја ко би го имал Охрид би бил она…баш би се курчел.
Шетав низ градот и ме здоболе глава мислев ќе ми се отвори.
Барам аптека за Аналгин да земам.
Беше некое време за на плажа па шеталиштето празно.
-Ај да седнеме онде да земам вода.
– Ајде…
– Добар ден…повелете.
– Кока кола и вода…две кока коли и вода.
– Значи две и една вода…добро.
Апчињата ги фрлив на маса и ги заборавив.
– Повелете…него да ве прашам
– Прашај.
– Зш и вода и сок?
– Абе глава ме болеше па да се напијам апче.
– Мене ме болит глава ама многу…а што апчиња ти се овија?
– Аналгин.
– Не сум видел до сега вакви…можи да ми даеш две да се напијам зш глаа ме боли…
– Како не може, земај.
– Е фала ти.
Испушивме по две цигари…ја допивам кока колата…
– Море чоек шо ми даде ти да се напијам?
– Аналгин…за глава.
– Ам мор жива вода се напраив, глеј ме каков сум ко од езеро излезен.
– Еве ги апчињата…ај,ај,ај…абе Парацетамол биле, по грешка ми ги дале…извини.
– Ти пијаше?
– Не, престана да ме боли…ама ако ќе ти биде полесно еве и ја две на екс ќе испијам.
Се изнасмеавме, седна на маса се изнапраивме муабет…абе убај љуѓе се.