РИБАРО
Колку Мицкоски нема допирна точка со реалноста во која живее народот во Македонија, покажува и последната зелена што ја тресна за цената на бурекот, дознава АХА.
Мицкоски рече дека 120 денари е четврт бурек, но како што дознава АХА не ѝ откри на јавноста дека бурекот неговите го порачале од Малта, па затоа за четврт бурек што нормално чини 80/90 денари, тие платиле 120 денари.
„Видете, јас си водам здрав живот: одам во теретана, на планина, се хранам во елитни ресторани. Бурек не јадам. Па како очекувате мајку му стара да знам која е цената на четврт бурек?!
Тоа сиротиња јаде, тие знаат.
Порачале моиве од дома за да ме зезаат, јас се истрчав излупетав и што сега да праам“, кратко изјави Мицкоски за АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK