ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Зеленски во Тирана на Самитот за Украина; Албанија бара да биде домаќин на Самитот на НАТО 2027; во Брисел ќе се разговара за српскиот динар во Косово

February 27, 2024 10:19
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска ќе пристигне украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Самитот што за прв пат ќе се одржи во Албанија, на 28 и 29 февруари. Самитот е посветен на Украина, на неколку дена од втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, известуваат албанските медиуми.

Во Брисел денеска во Брисел ќе се одржи средбата меѓу Косово и Србија, која ја повика емисарот на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, на која тема ќе биде српскиот динарот, пишуваат косовските медиуми.

АЛБАНИЈА

Албеу: Самит за Украина во Тирана, Зеленски денеска првпат доаѓа во Албанија

Тирана денеска за прв пат ќе биде домаќин на  Самитот на 28 и 29 февруари, целосно посветен на Украина, на само неколку дена од втората годишнина од почетокот на руската агресија во Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за првпат ќе ја посети Албанија, а се очекува вечерва да пристигне во Тирана.

Украинскиот лидер ќе биде присутен и утре, каде ќе учествуваат и некои од највисоките функционери на Брисел, лидерите на земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа, пренесе Албеу.

ВОА: Албанија бара да биде домаќин на Самитот на НАТО во 2027 година

Албанија сака да биде домаќин на состанокот на високо ниво на НАТО во 2027 година. Ова во понеделникот го соопшти премиерот Еди Рама, додека на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави писмо со благодарност испратено до државниот секретар на САД, Антони Блинкен, по неговата посета на Тирана на 15 февруари. Во меѓувреме, Гласот на Америка дознава дека Албанија пред неколку недели и официјално поднела такво барање до Алијансата.

„Верувам дека е време за првпат да се одржи состанок на НАТО на високо ниво на Западен Балкан“, пишува г-дин Рама во своето писмо, пренесува ВОА.

Топ Чанел: Речиси е готова  тактичката  воздухопловна база на НАТО, Рама објави снимка: Со напредна инфраструктура за борбени авиони… Кучова, клучна улога во операциите на Алијансата

Албанија се подготвува да ја отвори првата база на НАТО во нашата земја. Од 4 март годинава Кучова ќе биде во рацете на најсилната воена алијанса во светот, како тактичка воздухопловна база, пренесува Топ Чанел.

Премиерот Еди Рама ја објави снимката на која се гледа радикалната трансформација на воениот аеродром Кучова.

КОСОВО

Клан Косова: Во Брисел денеска ќе се одржи средба за српскиот динар

Денеска во Брисел ќе се одржи средбата меѓу Косово и Србија, која ја повика емисарот на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, на која тема ќе биде динарот.

Од Централната банка на Косово информираа за Klankosova.tv дека се подготвени да учествуваат на овој состанок.

„Централната банка на Република Косово (ЦБК) одамна изрази подготвеност да се ангажира и да се сретне со Народната банка на Србија (НБС), за да го олесни изборот на најлесната опција за процесот на трансфер на средства преку банкарски канали во сметките на корисниците (во евра)“, пренесе Клан Косова.

Репортери: Уапсени двајцата осомничени кои се закануваа дека ќе убијат припадници на КФОР во село Призрен, одземена е ловечка пушка

Две лица се уапсени вчера во селото Лубиќево, Призрен, откако наводно им се заканувале на двајца припадници на КФОР.

Како што информира косовската полиција во 24-часовниот извештај, на некои припадници на КФОР, додека престојувале во кафеана, им се заканувале двајца осомничени машки лица Косовци. Осомничените го напуштиле местото на настанот.

Полицијата по спроведена истрага успеала да ги уапси. Двајцата осомничени се приведени, пренесе Репортери.

КОЛУМНА

Една година по „договорот“, Косово и Србија се подалеку од помирување отколку пред него

“Помина една година од она што ЕУ го нарекува „договор“ и ниту една точка од него не е спроведена. Двете партии го убија договорот, но и ЕУ, која наместо безусловно инсистира на партиите, почна со импровизации.

По „договорот“ меѓу Косово и Србија имаше повеќе тензии отколку нормализација, се зголеми недовербата меѓу страните и се создаде длабока недоверба меѓу Косово и олеснувачите на ЕУ што продолжува и денес. Една година по договорот, Косово и Србија се подалеку од нормализација на односите отколку пред него“, пишува авторот Аугстин Палокај во колумната „ Една година по „договорот“, Косово и Србија се подалеку од помирување отколку пред него“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Мицкоски: Од каде да знам колку е цена на бурек, па тоа е храна за сиротиња

Најново

Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk