„Практично заврши кругот на официјално собирање на потписи и сега имаме јасни седум кандидати, од кои двајца Таравари и Османи, ќе трчаат на каузата на етнички Албанци, а од другите пет кандидати, со се двајцата од етничките Албанци, Пендаровски ќе остане единствениот кој ќе ја брани либералната опција, лева, центристичко-лева опција. Сите други се десничари, националисти, кој повеќе, кој помалку, до оваа најдесничарската партија која се продава под името Левица, која има најрадикални погледи на свет“, рече Сашо Орданоски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.
Тој посочи дека следува турбулентен период на десницата во Македонија.
„Стевчо, Максим, Ванковска, Силјановска, сè тоа е една добро втемелена десница, некои од нив со просрпски, некои со проруски ставови, а таа агенда во Македонија има свои поддржувачи. Во овој момент шансите на Пендаровски растат и апелот е до сите оние кои имаат полиберални ставови дека тоа е изборот. Кој ќе реши да остане дома, да не гласа или да гласа за некој друг, одговорноста е таа. Но мислам дека сега тој осамен наспроти сите овие десничарски и крајно десничарски ставови ќе биде еден легитимен судир и во првиот и во вториот круг,“ рече Орданоски.