Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, денеска изјави дека препораката на Европската комисија (ЕК) за отворање преговори за членство на Босна и Херцеговина во ЕУ е важна порака за поддршка на нејзините граѓани и јасен сигнал за нејзината перспектива во ЕУ.
I welcome the draft Negotiating Frameworks for Ukraine & Moldova.
Ukraine has been fighting for its existence since 2022. Moldova is facing hybrid attacks by Russia.
Despite all, both countries have made remarkable progresses in EU accession reforms. https://t.co/MAIIqbv7Jx
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) March 13, 2024
Борел на Х напиша дека Босна и Херцеговина треба да продолжи со „позитивна динамика на реформскиот пат“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека ќе препорача отворање на пристапни преговори со Босна и Херцеговина, која, како што рече, постигнала импресивен напредок.
ЕК, исто така, ги финализираше предлозите за нацрт-рамките за преговори со Украина и Молдавија, кои ќе бидат доставени до Советот.
– Ја поздравувам нацрт-преговарачката рамка за Украина и Молдавија. Украина се бори за своето постоење од 2022 година. Молдавија се соочува со хибридни напади од Русија. И покрај сè, двете земји постигнаа значителен напредок во реформите за пристап во ЕУ, напиша Борел на X.