ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД по изборите очекува Влада посветена на ЕУ. Арсовски: Тврдиот став на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, ќе направи тешко да најде коалициски партнер

March 13, 2024 15:25
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Соединетите Американски Држави очекуваат по изборите во Северна Македонија да се формира Влада посветена на европската интеграција на земјата.

Од друга страна, имаме два политички блока во земјава кои учествуваат на изборите на 8 мај, од една страна е опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која продолжува да се спротивставува на одобрувањето на уставните измени кои се „виза“ за натамошен напредок на земјата кон ЕУ и блокот на проевропските партии на власт, коалицијата на традиционалните партнери на СДСМ, ДУИ и албанските опозициски партии во рамките на коалицијата ВЛЕН (Вреди), кои се изјаснија дека учеството во идната Влада ќе го условат со уставни измени.

Петар Арсовски

Политичкиот аналитичар и публицист Петар Арсовски во изјава за „Фронтлајн“ вели дека во основа е точна констатацијата дека тврдиот став на ВМРО ДПМНЕ по прашање на уставните измени, нешто што е приоритет за меѓународната заедница, но и за голем дел од партиите на Албанците во државата, ќе направи тешко да најде коалициски партнер, односно ќе го искомплицира процесот на формирање Влада.

Сепак, тој е на мислење дека тоа ќе биде пресудно, односно ќе го спречи ВМРО-ДПМНЕ да формира влада доколку ги добие изборите.

– Прво, тој став нема да биде кончен кога ќе се формира владата. ВМРО-ДПМНЕ нема да каже никогаш дека нема да ги прифати уставните измени, туку ќе најавува дека ќе добие подобри услови, ќе најави дека е за европски интеграции итн., така што партиите на Албанците кога ќе коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ нема да добијат конечно НЕ од нивна страна. Второ, кај партиите на Албанците можноста да се влезе во влада, сметам дека ќе биде поважна од уставни измени веднаш, имајќи предвид дека уште ќе се надеваа дека уставните измени се возможни во текот на владењето, констатира Арсовски.

Заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека Северна Македонија е многу солиден партнер на САД, и билатерално и мултилатерално во НАТО и ОБСЕ, а Вашингтон очекува и по изборите земјата да има влада посветена на членство во ЕУ.

– Претходната влада беше посветена на членството во НАТО и членството во ЕУ и нашите очекувања се дека владата што ќе дојде по изборите ќе биде слично посветена на членството во НАТО, членството во ЕУ и борбата против корупцијата, изјави Ескобар на брифингот во Брисел пред неговата посета на Приштина, Виена и Подгорица.

На прашањето дали Предлог-резолуцијата на Сенатот на САД, со која се бара отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со земјава без дополнителни билатерални услови, претставува промена на ставот на САД во однос на измената на Уставот, Ескобар нагласи дека Северна Македонија и Бугарија се важни членки на НАТО и сојузници на Вашингтон, па американската администрација сака мирно решение за сите прашања.

Според него, САД се посветени на продолжување на дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија врз основа на факти и се посветени на обезбедувањето на зачувување на европската перспектива во земјата.

– Добивме гаранции од Бугарија дека сакаат Северна Македонија да биде членка на ЕУ. Мора да ги искористиме овие можности, бидејќи Северна Македонија мора да биде рамноправен кандидат за членство во ЕУ, додаде Ескобари.

Според него, токму отворените прашања во регионот го прават Западен Балкан подложен на злонамерно мешање од страна, вклучително и од Русија, па за да се намали ризикот од него, мора да се работи на надминување на нерешените прашања.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕГабриел ЕскобарЕУпартии на АлбанцитеПетар АрсовскиСАДуставни измени
Next Post

Османи: Меѓународен борд составен од САД, ЕУ и НАТО за проверка на функционерите за корупција и руско влијание

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk