Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.
Добра можност граѓаните да се запознаат со најновата воена опрема, технологија и возилата на Армијата, вклучувајќи ги и JLTV оклопните возила и да го проследат настапот на воениот оркестар. Вложувањето во модерна и силна Армија е во интерес на сигурноста и безбедноста на сите наши граѓани, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил.
Тој го изрази своето огромно задоволство што имал можност да поразговара со многу од нашите граѓани кои имаат интерес за работата на Армијата и кои денеска беа присутни на Отворениот ден на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.