ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Во Брисел продолжува дијалогот помеѓу Косово и Србија за динарот; Напреднат е статусот на Косово во Парламентарното собрание на НАТО; договорот Рама – Мелони започнува со имплементација од 22 мај

March 25, 2024 12:45
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Брисел денеска ќе се сретнат главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, со сретнат со посредство на специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак. На средбата ќе се разговара за прекинот од оптек на српскиот динар во Косово, откако на 22 март страните ги дадоа своите предлози, пишуваат косовските медиуми.

Структурите кои ќе ги пречекуваат имигрантите кои доаѓаат од Италија ќе профункционираат на 20 мај, (договорот Рама –Мелони) Ова се предвидува во огласот објавен на 21 март од префектурата Рим, според кој се планирани 3 точки за прием и враќање на имигрантите, пишуваат албанските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РТВ 21: Главните преговарачи се среќаваат денеска во Брисел, разговорите за динарот продолжуваат

Главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ се очекува денеска во Брисел да се сретнат со посредство на специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак.

На последната средба што главните преговарачи на двете земји ја одржаа под покровителство на Лајчак во Брисел за тензиите што се разгореа по регулативата на Централната банка (ЦБК), преку која косовските власти имаат намера да ја забранат употребата на српската динарот во рамките на територијата, страните се договорија до 22 март да ги достават предлозите за решавање на динарската криза, пренесува РТВ21.

Репортери: Продолжува судскиот процес во Хаг против поранешните лидери на ОВК

Во Специјализираните комори на Косово во Хаг денеска ќе продолжи судскиот процес против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово. Судската седница се очекува да започне во 09:00 часот.

Спротивно на тоа, рочиштата за судењето на Хашим Тачи и сообвинетите продолжија на 18 март, со исказот на четириесет и деветтиот сведок што го повика Обвинителството. Станува збор за заштитен сведок чие сведочење, според резимето што беше прочитано во судницата, се однесува на жртва која била убиена откако била одведена и приведена од припадници на ОВК во областа Лап, пренесе Репортери.

БалканВеб: Напреднат е  статусот на Косово во Парламентарното собрание на НАТО

Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, и пратеникот на Движењето Ветевендосје, Дритон Хисени, во неделата изјавија дека Постојаната комисија на Парламентарното собрание на НАТО го унапредила статусот на Собранието на Косово во ова тело, од набљудувачот, во соработник.

Хисени, истовремено и шеф на делегацијата на Собранието на Косово во ова Собрание, рече дека ова е „највисоко ниво на присуство во Собранието до полноправното членство на Косово во НАТО“, и оти одлуката ќе биде официјализирана преку гласање во Собранието на НАТО на пролетната сесија, на 27 мај во Софија, пренесе Балкан Веб.

АЛБАНИЈА

Еуроњуз: На 20 мај ќе бидат отворени центри за баратели на азил, 3 структури во Шенѓин и Ѓадер

Структурите кои ќе ги пречекуваат имигрантите кои доаѓаат од Италија ќе профункционираат на 20 мај. Ова се предвидува во огласот објавен на 21 март од префектурата Рим, според кој се планирани 3 точки за прием и враќање на имигрантите. Структурите ќе ја чинат италијанската држава вкупно речиси 34 милиони евра.

Пактот, промовиран од владата на Рама и Мелони и жестоко оспоруван од албанската и италијанската опозиција, предвидува дека на албанска територија ќе се градат структури за сместување на барателите на азил кои италијанските власти ги спасиле на море, пренесува Еуроњуз.

КОЛУМНА

Сури – Судир на геополитички интереси: заканата на Србија за Косово и ризикот по регионалната стабилност

„Во говорот од 23 февруари 2022 година, каде Путин им нареди на руските трупи да ја нападнат Украина, тој рече дека: „неопходно беше да се запре  геноцидот врз милиони луѓе кои живеат таму, кои се потпираат само на Русија. . Судирот на Русија со овие сили е неизбежен,  и го чекаме вистинското време“. Според него, овие катастрофи им се случуваат на Русите во Украина со поддршка на главните земји од НАТО.

Сличноста на двете изјави укажува на заедничка агенда.

Сегашната изјава на Вучиќ е подготовка на дискурсот и политичкиот терен за идните паравоени и воени претпријатија што тој има намера да ги преземе во рамките на поддршката што ја добива од Русија и Кина.“, пишува Гуракуч Кучи во колумната „Судир на геополитички интереси: заканата на Србија за Косово и ризикот по регионалната стабилност“, објавена во Сури.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Меѓународна вселенска станица. Фото: НАСА

НАСА: Експериментите во бестежинска средина во вселената доведоа до „луд напредок“ во борбата против ракот

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk