Во Тирана денеска активисти и новинари се собраа пред кабинетот на премиерот во знак на протест против насилничкото однесување на премиерот Еди Рама кон новинарката Амброзија Мета, известија албанските медиуми.
Неколку дена по спроведувањето на одлуката на Уставниот суд за Дечанскиот манастир, како услов за членство на Косово во Советот на Европа, Комисијата за политички прашања и демократија ќе го разгледува извештајот за членството на Косово во овој совет, пренесуваат косовските медиуми.
Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.
АЛБАНИЈА
Зуртаре: Новинарите на протести против омаловажувачките изрази на Рама кон медиумите
Активисти и новинари денеска се собраа пред кабинетот на премиерот во знак на протест против насилничкото однесување на премиерот Еди Рама кон новинарката Амброзија Мета.
Физичкиот инцидент се случи минатиот вторник, на 19 март, во просториите на седиштето на Социјалистичката партија, каде премиерот Рама физички ја допре по лице новинарката Амброзија Мета.
Активисти и новинари со транспаренти во рацете и повици за слобода на медиумите протестираа и против заканите кон новинарите Ола Џама и Иса Мизира, пренесува Зуртаре.
Топ Чанел: Се гради групата за дијалог, Комисијата која ќе ја подготви Изборната реформа во Собранието
Социјалистичкото мнозинство и пратениците од обновата се очекува да ја унапредат соработката за законите кои бараат 3/5.
Тие имаат за цел да го постигнат тоа преку таканаречената „Група за дијалог“ која ќе работи во рамки на собраниската Комисија за закони. Социјалистите инсистираат на тоа дека немаме работа со парламентарна поткомисија.
Партиите ги имаат подготвени составните имиња на оваа група, пренесе Топ Чанел.
КОСОВО
РТВ 21: Денеска во Советот на Европа ќе се разгледува извештајот за Косово
Неколку дена по спроведувањето на одлуката на Уставниот суд за Дечанскиот манастир, како услов за членство на Косово во Советот на Европа, Комисијата за политички прашања и демократија ќе го разгледува извештајот за членството на Косово во овој совет.
Ден пред испитувањето, Министерството за надворешни работи на Косово очекува позитивен резултат.
Заменик министерот Крешник Ахмети е оптимист дека членството на Косово во Советот на Европа може да се случи годинава, пренесува РТВ 21.
РСЕ: „Либерализацијата нема смисла без зелен картон“: Институциите во потрага по решение
Косово е единствената земја во Европа која не припаѓа на Советот на европските бироа и, следствено, нејзините граѓани остануваат надвор од системот за зелена карта.
Зелениот картон е меѓународен сертификат за осигурување на возила и е признат од властите на 47 земји на Советот на европските бироа.
Во негово отсуство, граѓаните на Косово кога ќе излезат треба да плаќаат различни суми – во зависност од должината на престојот во странската држава.
Ваква е состојбата со години и покрај напорите на надлежните да се најде решение, се наведува во статијата во Радио Слободна Европа на албански јазик.
КОЛУМНА
Коха: Имаше многу, не само една, причини за интервенција на НАТО
„Пред 25 години НАТО и неговите земји членки направија се да не интервенираат во одбраната на Косово. А воздушните напади се случија како неуспех на тие напори.
Интервенцијата дојде како резултат на многу неуспеси да се најдат мирни решенија, како резултат на неуспехот да се спречи геноцидот во Босна и Херцеговина и како резултат на наивното верување дека може да се изгради мир со Милошевиќ. Интервенцијата на НАТО беше задоцнета и ако се случеше порано ќе спасеше повеќе животи.“, пишува Аугустин Палокај во колумната „Имаше многу, не само една , причини за интервенција на НАТО“, објавена во Коха.
Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа