Вчера, во раните утрински часови, во 03:40 часот, при преземање на службено дејствие, полицијата сопрела БМВ автомобил во кое имало 3 лица од кои возачот бил видно под дејство на алкохол, со забавени рефлекси и отежнат говор и кој најпрво одбивал да се легитимира, по што телефонски се јавил со намера да побара ургенција кај лице кон кое се обратил со зборовите “Ѓоко ме застана полиција, барај го министеро пијан сум во Битола ме застанаја” а по ова започнал да ги навредува и омаловажува полицајците со зборовите “Ќе видите што ќе ви се случи после 8ми Мај, патари ќе ве пуштам, мајките да би ги ебам сега ќе му се јавам на министерот за внатрешни работи, каде и да ве најдам цивил ќе видите што ќе ви се случи. По ова, полицајците го привеле лицето, а во просторијата на сменоводителот додека го алкотестирале повторно им се обратил со зборовите “што ме гледате и двајцата дајте да ви ги видам фаците за да ве запамтам кај и да ве најдам крвта ќе ви ја пијам од вас.
На социјалните мрежи и во дел од интернет медиумите кружат тврдења дека се работи за естраден пејач Спасен Силјаноски за кого Ѓорѓија Сајкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи објави дека партијата ќе соработува со него.
Силјаноски, инаку е познат по тоа што во песните на своите настапи внесува стихови против Зоран Заев, лидерот на СДСМ, а за изведбата „Судбина тешка“ тврди дека сакале да му ја цензурираат, односно да ја забранат.
М. П.