ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Реакција на СДА Македонија: Дали ВМРО – ДПМНЕ ги споделува антицивилизациските ставови на Иван Стоилковиќ?

April 17, 2024 11:58
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Веќе подолг период Иван Стоиљковиќ, коалициски партнер на ДПМНЕ, во јавноста изнесува ставови кои се проблематични во едно општество, кое себе си се нарекува демократско и претставуваат еден антицивилизациски чин. Последниот скандалозен став во низата е вчерашниот  на Стоиљковиќ со кој повторно го релативизира геноцидот во Сребреница. Ништо ново, посебно ако ги земете неговите ставови и за агресијата на Русија врз Украина, како и неговите ставови на линија политиката на Додик и Вулин, за промена на границите на државите на Западен Балкан, реагираат од СДА Македонија.

„Никој одамна не очекува дека Иван Стоиљковиќ може да изгради позиции врз основа на демократски вредности и фактографија на меѓународни судови. Она што се поставува како главно прашање е: Дали ВМРО – ДПМНЕ, како стожерна партија во коалицијата со Иван Стоиљковиќ, ги споделува неговите антицивилизациски позиции? Кој се позициите на Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска Давкова за резолуцијата за Сребреница во ОН, а за која нашето МНР вчера објави и дека Северна Македонија ќе биде коспонзор, заедно со САД и Германија?

Геноцидот во Сребреница е факт. Негирањето на геноцидот е неприфатливо во едно демократско општество и претставува антицивилизациски чин. Геноцидот во Сребреница беше потврден со судска пресуда на меѓународниот суд во Хаг, како единствен геноцид на европско тло по Втората светска војна.

Уште на 4 февруари 2010 година, Собранието на Северна Македонија усвои декларација за поддршка на Резолуцијата за сребреница на Европскиот парламент. Декларацијата го осудува геноцидот над повеќе од 8000 Бошњаци од овој босански град. Оваа дебата која се обидува да ја отвори Стоиљковиќ околу релативизирањето на геноцидот во Сребреница е завршена уште во 2010 година, кога мнозинство во парламентот на Македонија имало ВМРО-ДПМНЕ. Европскиот парламент уште порано го прогласи 11 јули за ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Геноцидот во Сребреница веќе е дел од институционалната меморија на ЕУ, САД, Канада, Велика Британија, Германија… на сите држави каде демократските вредности и почитувањето на човековите права е составен дел од нивните системи, а сега останува да се заокружи и во ОН, на почеток на следниот месец.

 Институционализирано сеќавање на жртвите од геноцидот на Сребреница е важно затоа што уште постојат радикални иделогии и деструктивни политики, кои го негираат геноцидот. Негирањето на геноцидот е последна фаза на самиот геноцид. Оние кои го негираат геноцидот даваат свој труд во злосторството кое го смислиле и реализирале најболните умови. Важно е да се сеќаваме за на никого да не му се случи геноцид повторно.

Затоа ја повикуваме јавноста да постави прашања до ВМРО- ДПМНЕ, Мицкоски и Гордана Силјановска Давкова, дали како стожерна партија од коалицијата ги споделуваат антицивилизациските позиции со Иван Стоиљковиќ, се вели во соопштението на партијата.

Поврзано:

За коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Стоилковиќ, геноцидот во Сребреница е некрофилски дизниленд

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕгеноцид СребреницаИван СтоилковиќСДА Македонија
Next Post

Костадиновска-Стојчевска: Уште 10 прес конференции да направи, Арсовска нема да ја спречи реконструкцијата на Универзална

НАЈНОВО

Поевтинуваат бензините и дизелот

August 18, 2025
Фото: МО

Во Штип би можел да се изгради хибриден клинички центар на НАТО, најави Сиљановска Давкова

August 18, 2025

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција за локалните избори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk