Пишува ЕЛИ ПЕШЕВА
Телевизијата била визуелен медиум….е па некои работи подобро да не ги видевме.
Моиве 8 исти столици (една и за водителот, секако) од трпезарија ќе организирав да ги позајмиме на еден ден, ќе беше подобро, не е квантна физика. Ај што национален сервис нема соодветна сценографија (да, да и масите се различни, ко од кај комшиите за слава ко се позајмува), ама има салони бе луѓе, јавете се, платете, компензирајте, ќе ви испорачаат веднаш.
Еден повисоко, друг пониско, без соодветен простор да се потпрат, да фатат забелешки, да запишат…да не почнувам што во протоколот значи вакво седнување, еден да доминира над друг, седењето да им е неудобно за да бидат деконцентрирани. Кога се што зборуваме за површно, паушално, аматерско во општеството, низ институциите, во медиумите, би се отсликало со една фотографија, тоа би била оваа
Подобро да не ја ни правевте дебатата. Ионака се слушнавме до сега. Еве сеа и видовме.
Текстот е личен став на Авторката. Преземено до Фејсбук профилот на Пешева.