ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фон дер Лајен до Силјановска Давкова: За пат кон ЕУ потребно е целосно почитување на обврзувачките договори, вклучително и Договорот од Преспа

May 12, 2024 16:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во објава на Икс и порача на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова „за Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа.

For North Macedonia to continue its successful path on EU accession it is paramount that the country continues on the path of reforms and full respect for its binding agreements, including the Prespa Agreement.

— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) May 12, 2024

Претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел претходно упатија честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод нејзиното официјално стапување на претседателската функција, нагласувајќи ја определбата за соработка во продолжување на европскиот пат на земјата.

– Честитки Гордана Сиљановска-Давкова, првата жена претседател на Северна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја ги унапредува своите реформи и продолжува на патот кон ЕУ. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Честитки, како што наведе, до новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, преку платформата Икс упати и Шарл Мишел.

– Со нетрпение очекувам да соработувам со вас на унапредување на патот на Северна Македонија кон ЕУ, преку спроведување на реформите и обврските. Иднината на Северна Македонија и Западниот Балкан е во ЕУ, наведе Мишел во објавата.

За време на свечената изјава во Собранието, претседателката Силјановска Давкова не го користеше уставното име на државата и на местото Република Северна Македонија, претседателката изговараше – Македонија, по што грчката амбасадорка присутна во собранието ја напушти свечената седница.

Реагираше и грчкото МНР – Европскиот пат на Северна Македонија и односите со Грција зависат од спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име.

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името „Македонија“ и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, се наведува во реакцијата.

Во реакцијата од грчкото МНР пишува дека „за време на денешната заклетва во Собранието и покрај фактот што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше диктиран, земјата беше под името „Северна Македонија“, новата претседателка на Република Северна Македонија, г-ѓа Силјановска-Давкова, одбра земјата да ја нарече „Македонија“.

– Оваа постапка јасно го прекршува Договорот од Преспа, но и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски, соопштија од грчкото МНР.

Посочија дека грчката Влада, и покрај приговорите што ги искажа како опозиција, го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор, кој надвладува која било друга законска одредба.

-Грција, во овој контекст, категорично изјавува дека дополнителниот напредок во нејзините билатерални односи со Северна Македонија, како и европскиот тек на земјата зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно од употребата на уставното име на земјата, соопштија од грчкото МНР, пренесе МИА.

Ј. Ѓ.

Tags: Гордана Силјановска ДавковаДоговор од ПреспаЕУУрсула фон дер Лајен
Next Post

Претседателот на СИРИЗА Каселакис: Новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да размисли за иднината на својот народ

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk