ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вагнер: Германија нема да дозволи „сиви зони“ во Европа, Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор

May 13, 2024 16:13
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор, порачуваат од германското Министерство за надворешни работи, откако на инаугурацијата, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова не го изговори уставното име на државата со придавката „Северна“, јави Дојче веле.

Владата во Берлин, како што пренесува Дојче веле, сака да ја продолжи соработката со новата влада во Скопје, и смета дека е важно земјата да го продолжи патот кон ЕУ и да ги спроведе неопходните реформи на тој пат.

– Северна Македонија може да се потпре на Германија на тој пат. Што се однесува до користењето на името, постои меѓународен договор, Преспанскиот договор со Грција, на кој Северна Македонија е обврзана, изјави портпаролот на германското МНР, Кристијан Вагнер.

На новинарско прашање, што ќе се случи доколку и новата влада во Скопје не го почитува Преспанскиот договор, Вагнер одби да шпекулира, но рече дека неговата влада останува на ставот дека Западниот Балкан припаѓа кон ЕУ.

–  Германската влада е многу активна во тој дел и нема да дозволиме сиви зони во Европа. Кога би дозволиле такви сиви зони, тие би биле искористени од други земји. И затоа остануваме на нашата политика кон Западен Балкан, рече Вагнер, додавајќи дека треба да се почека затоа што новата влада во Скопје се уште се договара.

Гордана Силјановска Давкова предизвика бројни реакции, откако на инаугурацијата како нова претседателка на државата во Собранието не го изговори уставното име.

Претседателката Силјановска Давкова беше инаугурирана вчера во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата. Како шести претседател од осамостојувањето на државата и прва жена избрана на оваа позиција, Силјановска Давкова го наследи Стево Пендаровски на претседателската функција, откако го победи на изборите одржани на 8 мај. 

Tags: ВагнерГерманијаГордана Силјановска Давковаевропа
Next Post

Изоставувањето на „Северна“ на Силјановска Давкова предизвика реакции и говор на омраза

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk